fbpx

Спасовски: Ова е изолиран случај, јавната безбедност не е загрозена

Според информациите на МВР, девојчето е грабнато внатре во влезот во зградата во која живеела, по претходно добиена информација кога излегува и дека излегува сама

-

На денешната прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на прашањето дали е загрозена јавната безбедност, потенцираше дека ова е изолиран, инцидентен случај кој имал организатори и имал крајна цел – да изнудат пари.

„Ова нема врска со јавната безбедност, генерално“, рече Спасовски.

Тој потенцираше дека, според информациите на МВР, девојчето е грабнато внатре во влезот во зградата во која живеела, по претходно добиена информација кога излегува и дека излегува сама.

„Тоа е сосема различно од тоа што се имплицира или што деновиве и синоќа слушнавме дека заради Самитот на ОБСЕ воопшто не се постапувало по барањето за девојчето и дека заради таа активност околу организацијата на Самитот ние не сме објавиле јавно“, рече Спасовски.

Според него, тоа е апсолутна лага, апсолутна бесмислица, „поради тоа што никој, ни јас како човек, ниту било кој во полицијата, ниту Јавното обвинителство не може и нема да дозволи заради ваков случај да се прекине нешто поради одржување на одреден настан“.

Како што објасни Министерот за внатрешни работи, одговорен за организацијата на Самитот беше Одделот за заштита на определени личности и објекти, а одговорно за истрагата за убиството е СВР Скопје односно Одделот за крим полиција.

„Тоа се двата Оддели кои работат – на едниот настан, за одржување на безбедноста и, паралелно, интензивно над 100 полициски службеници работеа интензивно од првиот момент на пријавувањето, па сѐ до сега и продолжуваат понатаму“, истакна министерот за внатрешни работи Спасовски.

Во однос на убиството на Панче Жежовски од Велес, Спасовски образложи дека од момнентот кога е пријавен за исчезнат на 22 ноември, сите мерки и активности се преземени, исто како и за случајот од 27 ноември, кога е киднапирана Вања.

„На почетокот воопшто немаше никаква корелација помеѓу овие два случаи на пријавување. Значи на 27 ноември, кога се пријавува исчезнувањето на девојчето, имаме две пријави, едната е телефонска од страна на мајката, едната е во полициска станица Центар во 11.00 часот од страна на таткото. Меѓутоа, потрагата започнува веднаш после првата пријава којашто се добива некаде околу 08.30 часот и започнува потрагата по лицето“, рече Спасовски додавајќи дека се преземени низа мерки и активности криминалистички, паралелно и во Скопје и во Велес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...