Флеш вести за видео игри: Хејдис 2, ГТА 6 и Драгонс догма

Dragon's Dogma 2 Screenshot from the main site of the game dragonsdogma.com
Принтскрин од вебсајтот на Dragon's Dogma 2 dragonsdogma.com

Во флеш вестите за видео игри како најсвежа вест ви ги преставуваме изглегувањето на трејлерот за Hades 2 (Хејдис 2). За првиот дел од оваа игра имаме и претходни написи затоа што со стрипскиот арт стил и интересната анимираност како протагонист се пробивате низ фантазиски свет за грчката митологија. Играта е во „хек енд слеш“ варијанта со примеси од платформска игра и класична исометриска RPG игра во стилот на Диабло.

Во други вести утре во вторник 5 декември во 9 наутро се очекува да излезе долгоочекуваниот трејлер за ултра популарната најавена игра GTA 6 (Grand Theft Auto 6). Се очекува трејлерот да го преплави интернетот како ударна вест според претходните најави на Рокстар Гејмс (RockStar Games) фирмата што ја прави играта и ги има направено и трејлерите за GTA 5 и Red Dead Redemption. Сепак, се предвидува и повеќе да се фокусира на околините и светот одошто на активен гејмплеј и многу е веројатно дека ќе има женски протагонист.

Исто така излезе и нов трејлер за долгоочекуваната игра Dragons Dogma 2 (Змејска Догма 2) игра од која првиот дел иако застарен вреди да се игра и денес. Играта излегува на 23 март 2024 година а може уште веднаш да се купи на Steam каде чини 65 евра.

Следната игра во универзумот што започна со Horizon Zero Dawn (која е моментално на голем попуст на Steam) најверојатно ќе биде долгонајвувана MMO игра што ќе биде достапна и на мобилни телефони со истиот сетинг. Но, за таа цел и за понатака Sony и NCSoft корејската фирма што стои зад Guild Wars 2 (за која имаме повеќе написи) ги здружуваат силите и ќе соработуваат и понатаму. Како што вели директорот на Сони -Џим Рајан „Партнерството со NCSOFT ја надградува нашата стратегија и преку конзолите и го зголемува нашиот опфат на поширока публика“.

Во останати новитети се знае дека на 5 декември (утре) следува голем бесплатен аптејт за Сајберпанк 2077 каде ќе има опција со метро-воз да се разгледува целиот Night City (Ноќниот Град) со 19 станици низ метрополата. Гејмерите шпекулираат дека во самото метро ќе има и крадење на чипови од аугментирани луѓе како во анимето Cyberpunk EgdeRunners. Исто така, се очекуваат и нови видови на дизајни за коли и возила откако се имплементираа борбите при возење коли.  

Што се однесува до експанзијата на Elden Ring со поднаслов Shadow of the Erd Tree (Елден Ринг Сенката на Ирд-Дрвото) најавено е дека нема да се случи пред април 2024 година. 

Crimson Desert (Црвената Пустина) ќе треба повеќе време да излезе покрај новите објавени снимки од играта. Играта на тема „Аватар: Границите на Пандора“ излегува на 7 декември кога и ќе биде настанот за Game Awards 2023 најавен во претходен напис.