Отвореното гласање за номининираните игри трае до 7 декември

Номинации на главните игри од сајтот The Game Awards 2023

Номинациите на игри од „Game Awards 2023“, за кои има отворено гласање до 7 декември, може да гласаат играчи ширум светот на оваа веб-страница. Во ова десетминутно видео, може да се погледнат номинациите. 

Во повеќето категории се повторуваат неколку игри со голем број на номинации, и тоа Baldur’s Gate 3 (Портата на Балдур 3), Spiderman 2 (Спајдермен 2), Resident Evil 4 (Притаено Зло 4), Alan Wake 2 (Алан Вејк 2), Супер Марио Брос и Legend of Zelda: Tears of the Kingdom (Легендата за Зелда: Солзите на Кралството). Неочекувано од многу игри што се исто така ултра-познати и доаѓаат од големи имиња во гејмингот како и фирми Близард и Бетезда, не добија голем број номинации како Diablo 4 и Starfield. Тие добија по една номинација.

За играта Диабло 4 во категориите Најдобра Мултиплјер игра и Иновативност, имаше играч кој е лице со слепило, а за тоа веќе објавивме. Старфилд исто така има само една номинација и тоа само за Најдобра RPG (RolePlaying Game-Игра со играње улоги) игра. За ова повеќе информации има овде.

Најмногу номинации има играта Baldurs Gate 3 (Портата на Балдур 3) и тоа во следниве категории: Игра на годината, Најдобро развивање игра, Најдобар наратив, најдобра музика, најдобра поддршка на заедницата, најдобра мултиплејер игра и најдобра RPG.

Играта Алан Вејк 2 доби исто така голем број номинации веднаш зад неа, но како што имаме забележено во претходен напис протагонистот многу потсетува на Кијану Ривс во улогата на Џон Вик, што беше главна тема на исмевање на оригиналноста на изгледот на ликот но не и на играта, затоа што играта е интересна. 

Игрите како Спајдермен 2 и најновата Супер Марио се популарни кај помладите генерации. Играчите ветерани коментираат дека иако со одлична графика, Спајдермен 2 е лесна за играње, а популарноста на Супер Марио ја оживеа и анимираниот филм. 

Што се однесува до номинациите за официјални е-ѕports игри кои се номинирани а уште популарни и интензивно играни кај нас се номинациите на Dota 2 и Valorant

Секако за потсетување сега може и вие да гласате за вашите омилени игри на веб-страницата за настанот Game Awards 2023, до 7 декември кога ќе бидат објавени победниците.