Најдобрите и најнови трејлери за игри од Gamescom 2023

Photo by Fredrick Tendong on Unsplash

На настанот Gamescom 2023 преку неколкучасовен стрим во живо беа претставени најновите и најдобрите трејлери за видео игри. Самите трејлери се добри и ги прикажуваат новите карактеристики што фигурираат во игрите, меѓутоа и за многу од игрите новитетите се непроменети од вестите што веќе беа објавени.

Токму поради тоа, во овој текст ќе ви презентираме голем број трејлери со датумите на излегувањето на игрите, како и линкови до валидните описи и коментари од наша страна за истоимените игри. Редоследот на презентираните трејлери за игрите е според тоа како фигурираат локално по популарноста. 

 

Assassin’s Creed Mirage

Со „Асасинс Крид“ игрите нема промашување, секоја е добра на свој начин. Особено затоа што целата приказна зад секој дел од оваа игра е мешавина од епска и научна фантастика со неверојатно слеан “гејмплеј” од првата до најскорешната. За најновата ваква игра и за тоа што следи во иднина од оваа франшиза можете да прочитате во нашите написи на следниов линк

Датумот на излегување на играта Assassin’s Creed Mirage е 5 октомври 2023 година. 

 

Call of Duty: Modern Warfare 3 

 

Иако немаме многу написи за овој наслов, тој често е избор на гејмерите со подобри компјутери. Пукачките игри како Кантер, Валорант и Овервач 2 веќе им се здосадени на гејмерите што се интересираат за нив. Сепак, имаме написи што опишуваат како Single Player деловите од Call of Duty играат улога во отклучувањето нови скинови во бесплатната онлајн верзија за COD: Warzone. Овој дел од играта рекламиран во трејлерот вџашува со моментот на реализам, до чувство на учествување во интерактивен филм додека играте. 

Датумот на излегување на играта Call of Duty: Modern Warfare 3 е 10 ноември 2023 година. 

 

Cyberpunk 2077: Phantom Liberty

Повеќе за оваа експанзија за играта може да прочитате во склоп на овој напис, додека веќе споменатите новитети се прикажани на крајот од трејлерот. 

Датумот за излегување на експанзијата е откриен и е 26 септември 2023 година.

 

Lords of the Fallen

На Gamescom 2023 го прикажаа новиот трејлер со приказна за една од најскорешно посакуваните “Souls” игри наречена Lords of the Fallen. Иако е насловот ист со првиот дел од играта, треба да се знае дека постои можност да ги помешате првата и втората. За оваа игра имаме неколку написи кои и понатаму се валидни. Спомнатиот новитет ќе биде преминувањето во димензии при првото умирање, каде и да згрешите во битка со “Boss”, можете да му се вратите и да го докрајчите. За разлика од отворениот свет на Елден Ринг, оваа игра ќе биде повеќе со “инстанци” и без многу широки простори, повеќе гротеска и хорор- помалку убави пејсажи. 

Датумот за излегување на играта Lords of the Fallen е на 13 октомври 2023. 

 

Diablo 4 Season 2 : Season of Blood

 

Во второнајавената сезона на Диабло 4 ќе играте во придружба на женски лик ловец на вампири. Ќе имате и вампирски моќи, но ќе можете да бидете и “дневен шетач” (Daywalker) како во стриповите и филмовите за ликот Блејд (Blade). 

Следната Сезона 2 за Диабло 4 ќе излезе на 17 октомври 2023 и ќе биде платежна. Додека сегашната сезона 1 е во тек. За повеќе детални информации околу Диабло 4 кликнете овде

 

Tekken 8 

Франшизата Текен се враќа во полна пареа со Текен 8. Додека Текен 7 и понатаму е многу играна игра кај нас и на локални и на интернационални натпревари. Во овој дел има враќање и промени на многу ликови за кои на интернет се шпекулира кои ќе бидат вклучени со скриншоти од затворени тестирања. Новитетите се полнењето на “heat bar” што овозможува дополнителни спасувачки комбоа и пресврти. И конечно, преку ова е додадена контра за контиунираните потези на ликот Кинг. Се враќа и ликот на нинџата Рејвен во оригинално издание, а најавена е и смртта на Хеихачи таткото на Казуја (кој во Текен 7 се смета за најефикасен лик за играње) и дедото на Џин. За време на играњето на Single Player е интегрирано учење на вашите потези со вештачка интелигенција до тој степен што компјутерот ќе прави мимики од вашите комбоа и потези додека целосно не ви го научи и примени стилот на игра против вас, што го прави тој дел од играта многу предизвикувачки. 

Текен 8 конечно ќе излезе на 26 јануари 2024 година. 

 

Marvel Snap 

Играта по долг период на early access, конечно на 22 август 2023 година беше лансирана како бесплатна игра на Steam со целосно преработена верзија за персонални компјутери, иако е првенствено наменета за мобилни телефони. Прочитајте го следниот напис ако сакате да дознаете повеќе за оваа игра со карти и суперхероите од Марвел. 

 

Black Myth: Wu Kong

Оваа игра предизвика голем интерес што се однесува до Souls Like жанрот, дури и повеќе од гореспоменатата Lords of the Fallen, токму затоа што послично на Elden Ring носи богат свет со природа и антички места. Повеќе за самата игра и кинеската митологија околу ликот на “Кралот Мајмун” Ву Конг можете да прочитате во наши претходни написи: првиот и вториот

Нема конкретен датум за нејзино објавување, но се знае дека ќе биде во 2024 година. 

 

Mortal Kombat 1 

 

За оваа игра имаме претходен напис. Премногу е популарна за било што да се додаде освен дека трејлерот е со примеси од новата приказна и гејмплеј од комбатот каде повторно фигурираат бруталните експлицитни финишери преку “Фаталити” опцијата. Mortal Kombat 1 ќе ѝ биде здрава конкуренција на Текен 8. 

Датумот на излегување е на 19 септември 2023. 

 

Immortals of Avenum 

За оваа игра имаме неодамнешен напис. Играта излезе на 22 август 2023, иако претходно беше закажана за порано, и чини 60 евра на Steam, а за делукс изданието се доплаѓа плус 10 евра.

 

The First Descendant 

Најновиот трејлер за оваа игра само потврдува дека играта црпи голема инспирација од Warframe. Конкретно за The First Descendant имаме претходен напис, но и покрај тоа што не е објавен конкретен датум за објавување на играта, најавено е дека ќе има cross-play open beta од 14 до 25 септември. На пример, состојбата на Warframe е дека  официјално е во бета-верзија и дека тоа законски им дозволува на девелоперите да ја повлечат во секој момент, без да бидат одговорни за бришење на напредокот на играчите.

 

Warhaven 

За оваа игра можете да го прочитате следниов напис. Датумот за излегување во early access е 21 септември, со важна информација дека Warhaven ќе биде бесплатна.

 

Sonic Frontiers – Final Horizon Update 

 

И за крај, наслов за најмладите со нова анимација со приказната за играта. Апдејтот е бесплатен, но ќе ја бара основната игра и ќе се издаде на 28 септември со нови ликови и приказна. Конкретно за оваа игра и Соник франшизата имаме и претходни написи кои може да се прочитаат тука

Исто така, има и плус трејлер за сосема нова инвентивна соник игра наречена Sonic Superstars, што излегува на 17 октомври 2023. Таа е навидум и подобра од гореспоменатата Open World верзија.  

 

Исто така, вреди да се напоменат и игрите Armored Core 6 (излегува на 25 август), Starfield (излегува на 6 септември) за која имаме неколку написи и Crimson Desert (за која имаме и напис од првата најава). Последнава е Single Player верзија на Black Desert со посебна приказна BDO, која e онлајн игра за која имаме повеќе претходни написи. Не е најавен датум кога ќе излезе играта Crimson Desert. Исто така, Alan Wake 2 (излегува на 27 октомври) како хорор игра со писател заробен во кошмарен свет што сам го измислил и напишал, наиде на исмевање во чатот на стримот дека протагонистот го направиле премногу да личи како Кијану Ривс во улогата на Џон Вик. 

За други преостанати игри можете да го проследите целиот Gamescom 2023 настан во снимката, кој што е поприлично подолг со ред други трејлери кои не ги споменавме.