Македонската Е-Спорт Федерација ги објави гејмерите кои одат на натпревар во Романија

Македонска Е-Спорт Федерација МЕСФ скриншот од видео презентација

Македонската Е-Спорт Федерација ги објави имињата на нашите гејмери што ќе одат на натпревар во видео игри во романскиот град Јаши. 

Натпреварувањата ќе бидат во игрите Кантерстрајк (CS: GO), Текен 7(Tekken 7) и еФудбал (eFootball™). Од Федерацијата подготвија и видео со информации и претставување со фотографии на играчите на нивната Facebook страница:

Во Кантерстрајк (CS: GO) ќе се натпреварува тимот составен од играчите:

 

Валентин “powerdy” Дурацоски

Јане “aidkiT” Апостолоски

Јордан “stressarN” Маневски

Павле “styleeez” Стојановски

Даниел “dan1” Глигоров

 

Во играта Текен 7 (Tekken 7) ќе се натпреварува играчот:

 

Александар ”Mux” Мукаетов

 

Во еФудбал (eFootball™) наш преставник ќе биде:

 

Антонио ”Steva” Стевановски

 

Натпреварот ќе се одржи во периодот од 24 Август до 3 Септември и имаме високи очекувања дека нашите натпреварувачи во Кантерстрајк: Valentin Duracoski, Jordan Manevski, Јане Апостолоски, Pavle Stojanovski и Daniel Gligorov- кои веќе освоија две први места на ваквиот тип на натпревари, да освојат и трета титула.

За настанот можете да дознаете повеќе на веб-страницата и Facebook профилот на Македонска Е-Спорт Федерација, а како што е обичај, настанот и веројатно ќе се пренесува во живо на Twitch за што ќе има и дополнителни известувања.