Нов „гејмплеј“ од Black Myth: Wukong – игра што претендира да биде следната Elden Ring

Скриншот превземен од главниот сајт на играта Black Myth: Wukong-авторски права Game Scienece Interactive Technology Co
Скриншот превземен од главниот сајт на играта Black Myth: Wukong-авторски права Game Scienece Interactive Technology Co

Black Myth: Wukong е Souls игра која претендира да биде наследник на Elden Ring, единствена од поновите Souls игри кои ги има многу, со доволен квалитет и интересен „гејмплеј“ и епски борби. Прво, поради графичката поткованост во Unreal Engine 5, второ поради содржајната приказна и трето поради динамичниот и изненадувачки комбат.

 

Досега имаме написи за мноштво од ваков вид на игри: Lies of P, Illusion Lands, The Lords of the Fallen, Soulframe, Nioh, Hellpoint и други. Но, посекако Black Myth: Wukong меѓу нив е нешто посебно. За оваа игра и повеќе за херојот Wukong или Monkey King (Кралот Мајмун) веќе имаме и трејлер и коментари во напис за повеќе игри кој ви го препорачуваме да го прочитате ако сакате да дознаете повеќе општо за карактерот и во кои сè други игри се среќава како лик. 

Toa што ја одвојува играта Black Myth: Wukong  од другите Souls игри е што има подолги анимации со приказна и синематици, што во Elden Ring беше прилично оскудно а и отсуствува и во другите игри. Другиот фактор е што ги употребува сите митолошки аспекти на ликот на Wukong. Од нив, еден од најинтересните е дека може да менува форми и според легендата има точно 72 трансформации (кои се различни натприродни способности и вештини) а една од нив е способноста да се претвара во различни суштества и луѓе.     

Исто така, ако биде поразен во битка може да се врати во живот само од едно останато влакно од неговата коса. Тој често наградува монаси со едно свое влакно за храмовите во негова чест, па може да се удвојува и мултиплицира себеси во повеќе бројни копии и да формира група или армија од свои дупликати. Може да лета на посебен негов облак и така да патува за кратко време низ големи дистанци. Неговото главно легендарно оружје е магичен стап што се смалува до минијатурна игла за коса, но може и да се зголемува и издолжува до епски пропорции.

А освен боголиките моќи, тој е експерт борец со сите ладни оружја и е мајстор на сите кунг фу стилови. Иако е бог којшто поседува голема физичка сила, вештините му требаат бидејќи неговите непријатели наоѓаат начини да го оневозможат да ги применува сите моќи.

Сепак е позитивен лик што се бори против чудовишта, демони и змејови и е на страната на „доброто“ во приказните. Сите овие фактори што се спомнати како негови карактеристики, или барем поголем дел од нив, можете да ги видите применети во самите видеа од играта што се среќаваат на YouTube.