Warhaven новата игра наследник на For Honor

Warhaven скриншот од Steam
Warhaven скриншот од Steam

Warhaven е нова игра во развој што е многу слична на For Honor, има битки со 16 vs 16 играчи, а отворената глобална бета на играта излегува на 11 октомври 2022 на Steam.

Toa што беше карактеристично за имитираната For Honor (игра која сè уште е активна) е што беше “Buy to Play” односно се купува еднаш и се игра без месечни претплати. Според наговестувањата за Warhaven, можно е и да биде целосно бесплатна на Steam како што е направена и Warframe, но да има многу микротрансакции.

Главната карактеристика на For Honor е што можат да се играат дуели 1 на 1 и да не зависите од цел тим, туку од вашите лични вештини и способности. Можете и да станете светски соло првак, но пак ќе треба секојдневно да ја браните титутлата.

Во Warhaven главно борбите се фокусираат на мечови, но има и стрелци и магионичари во самата игра и можете да имате „улти” магија на полнење што е бонус. Играта е корејска и од тоа што е познато кај Free To Play корејски игри е што се навистина бесплатни. Но, во играта се доаѓа до степен кога станува “Pay To Progress” (Плати за да напредуваш) како што беше Lost Ark која фати замав но интересот за играта спласна релативно брзо токму поради тој фактор. 

Да се надеваме дека и Warhaven ќе има систем за дуели.