Најнови трејлери за видео игрите Tekken 8, Star Wars Jedi: Survivor и Cyberpunk 2077 Phantom Liberty

Tekken 8 скриншот од Steam
Tekken 8 скриншот од Steam

Ги издвојуваме скорешните најдобри нови трејлери за видео игри кои се всушност нови верзии на веќе посточеки докажани наслови кои се очекуваат во блиска иднина.

1Tekken 8

Прв на листата трејлери го ставаме Текен 8. За Текен серијалот имаме доста популарен претходен напис за целата франшиза што ви препорачуваме да го прочитате. Што се однесува до е-спортот моментално сè уште се популарни натпреварите во Текен 7 досега најновата и онлајн најиграната верзија на Текен воопшто. Офлајн, Текен непрекинато се игра еден на еден во домашни услови ширум светот.

Но, со излегувањето на Текен 8 популарноста на Текен 7 ќе опадне и најверојатно играчите навикнати на „седумката“ ќе мора да се адаптираат на промените во „осумката“ што допрва треба да излезе. Креаторот на серијалот Катсухиро Карада вели дека играта ќе биде направена во Unreal Engine 5 и дека нема да користи механики од Текен 7 туку ќе биде сосема различна. Што се однесува до датумот за излегување на играта, отприлика се очекува да биде кон крајот на 2023 или почетокот на 2024 година. Како и да е, нова Текен верзија е секогаш добродојдена од играчите на видео игри ширум светот, затоа што е многу друштвен серијал игран популарен заради големата игривост. 

2Star Wars Jedi: Survivor

Претходникот на оваа игра е Star Wars Jedi Fallen Order за кој имаме краток опис во претходен напис каде ги истакнуваме сличностите со Souls игрите и многуте загатки што ги решавате со Force powers. Во претходниот дел на играта можевте да си конструирате светлосни мечеви -лајтсербери со различни бои доколку најдете кристали и делови од дршки со различен дизајн. Таа карактерика е задржана и во продолжението.

Комбатот во поновата верзија Star Wars Jedi: Survivor е надграден со нови движења како вртење во круг и комбинации со два светлосни меча со атрактивни комбоа и контролирање на умот на непријатели. Во оваа игра првпат во Star Wars универзумот воопшто се гледа светлосен меч кој е како класичен средновековен дворак меч со штитник, како мечот на негативецот Кајло Рен – во вид на класичен англиски “longsword” но во категорија на Greatsword. Во играта има и припитомување на маунт и маунтед комбат односно можете да напаѓате и додека јавате суштества за јавање.

Играта се очекува да биде предизвик во однос на она што беше презентирано во претходната и не се очекува да биде лесна, но ќе нуди многу подобри битки и борби затоа што девелоперите очигледно многу го имаат надоградено тој дел од играта поради факторот на забава. Star wars Jedi: Survivor излегува на 17 март 2023 година. 

3Cyberpunk 2077 Phantom Liberty 

Најновата експанзија за Сајберпанк 2077 наречена „Фантом Либерти“ e најавена со трејлер од пред неколку дена во кој не само што се открива присуството на ликот на Кијану Ривс туку и познатиот афроамериканец Идриз Алба кој се прослави во улогата на Хејмдал во Марвел филмовите за Тор, добива лик базиран на него. На овој додаток на играта фановите реагираат ултра-позитивно затоа што Идриз Алба е навистина квалитетен актер, а Сајберпанк 2077 е исто така солидна игра со голема популарност ширум светот. Сепак, мора да се признае дека бара добро поткована конфигурација на компјутер за да се игра слеано. За овој серијал имаме повеќе написи што можете да ги прочитате. 

Оваа експанзија е најавено дека ќе биде шпиунска мисија и „шпиунски трилер“ каде ликот на Идриз Алба ќе биде протагонистот.

 Идриз Алба направи и кратко промотовино видео каде има сцена од тоа како работи „моушн кепчр“ за играта:

Експанзијата „Фантом Либерти“ за Сајберпанк 2077 најавено e дека ќе излезе во 2023 година.