Препораки за игри кои може да се купат на пролетниот попуст на Steam и Battle.net

Скриншот од Steam за игри на попуст
Скриншот од Steam за игри на попуст

Проследете ги нашите препораки за игри на големи попусти што може да се купат на пролетниот попуст на платформата на Blizzard: Battle.net и на сервисот за игри на Valve: Steam. 

Devil May Cry игрите се на големи попусти, од кои најновата е на 50 отсто попуст и чини 15 евра додека претходните делови варираат од 60-70 отсто попусти. Овие игри изобилуваат со акција и цело време се борите против различни демони со главниот лик Данте.

Во овие игри можете да играте на различни начини и можете комплетно да ја поминете играта само со користење на меч, два пиштола и специјални способности. Во најновиот дел се користи и роботска рака како дополнително оружје.

Devil May Cry игрите се доста добро изработени а битките со „босовите“. Името на главниот лик Данте е дадено според Данте Алигери кој светот го знае како ренесансниот писател кој ја напишал „Божествена Комедија“. Самите игри содржат сопствен хумор и многу забавна акција. 

Друга игра која ви ја препорачуваме е Star Wars Jedi: Fallen Order која што е на 75 отсто попуст и чини само 10 евра. Редовната цена е 50 евра. Играта е тешка и може да преставува предизвик за повеќето гејмери, со многу загатки и акција во квалитетно сработен „сетинг“. Слично како на Souls игрите и овде одмарате на места на моќ и отклучувате нови локации како и места за повторно оживување ако загинете во играта. Промоцијата за намаление на цената на оваа игра трае до 28 март.  

Третата препорака е играта Warhammer: Vermintide 2 која е на 80 отсто попуст и чини 6 евра наместо 28 евра што е редовната цена. Намалувањето трае до 22 март. Играта е со динамичен „комбат“ каде играте во прво лице со различни оружја и е одлична за играње во група до 4 играчи одеднаш. Ако сакате сè да ви биде отклучено како опција во играта можете да ги докупите и експанзиите кои се на 67 отсто попуст но сепак чинат околу 38 евра сите заедно. Сепак основната играима многу да понуди и можете да ги освоите скоро сите „ачивменти“ (достигнувања).   

Што се однесува до Battle.net  има намаленија и до 67 отсто до 29 март. Игра што навистина вреди и има голем потенцијал за бројни преигрувања е Diablo 2 Resurrected(играта е на 30 отсто попуст и чини 30 евра). Таа има и мултиплејер односно се игра онлајн. Исто така, оваа игра е покриена во претходен наш напис.

Overwatch сега е една од најевтините од Blizzard за само 17 евра и тоа Overwatch Legendary Edition која е на намаление од 57отсто од нормалната цена што е 40 евра. А за WoW се намалени цените за „upgrade“ на Legendary или Heroic Edition но не и за основната игра. Моментално се игра нов Raid на WoW а во исчекување е и нов „patch“ каде и хордата и алијансата ќе можат да играат во иста група. Најавен е и датумот за откривање на нова експанзија и тоа е на 19 април. 

Други игри што ги препорачуваме кои можат да се најдат на Steam за кои не важат попустите и чинат околу 50-60 евра секоја се God of War и Elden Ring. За овие две игри имаме и неодамнешни написи што може да ги видите тука и овде