Играта Palworld достигна 25 милиони играчи

Фотографија од веб страната на Palworld

Играта Palworld достигна 25 милиони играчи досега со што ги надмина и Elden Ring и Hogwarts Legacy. За два месеци има повеќе од вкупните продажби на овие хит игри за кои им требаше година дена за истите бројки. Играта се купува за околу 30 евра на Steam.

Принтскрин од неодамнешната објава на X (поранешен Твитер) од официјалниот профил на Palworld

Играта многу скоро доби свој „пач“ со кој многу проблеми во играта што беа како негативни багови се поправени, а најголемите проблеми е кога вашите „Pals“ ве следат и се заглавуваат на одредени терени и површини. Ова е игра со преживување и можност да се игра и со пријатели и да се прават и бранат бази, како и припитомување разни суштества со „Pokemon“ – метода што го прави овој наслов многу игрив.  

Додека можните тужења за авторски права се сè уште во сива зона, како одговор на овој успех на Palworld девелоперите на оригиналната Pokemon игра ривалски најавија и нов наслов за кој има видео за концептот, но сè уште нема гејмплеј: 

Интересната вест околу Palworld е дека еден од главните девелопери е 20 годишен млад човек кој луѓе од фирмата го запознале во продавница и не е откриен неговиот идентитет. Според девелоперите од Pocket Pair истиот млад човек ги направил главните дизајни и за естетика и за механики во играта. А, самото тоа што мало студио направи ваков „БУМ“ им дава надеж на сите луѓе кои се бават или сакаат да се бават со правење компјутерски игри. За изработка на играта е користен Unreal Engine 5 за кој имаме повеќе написи што може да ги видите овде, а за самата игра Palworld можете да прочитате и во нашите неодамнешни написи тука