Најавени нови “средновековни” фантазиски RPG игри: Crimson Desert, I the Inquisitor и Dragon Age 4

Photo by Fredrick Tendong on Unsplash

Веќе некое време се најавени нови долгочекувани “средновековни” фантазиски RPG игри: Crimson Desert, I the Inquisitor и Dragon Age 4. Во продолжение може да се прочитаат најновите вести околу нив.

 

1. Crimson Desert

Играта Crimson Desert е од истата компанија што ја има направено играта Black Desert Online (повеќе за оваа игра можете да видите во првиотвториoт и третиот напис на тема BDO) односно од фирмата Pearl Abyss. Во раниот развој на Single Player играта Crimson Desert мислеле да ја направат оваа игра како продолжение на Black Desert, но се имаат предомислено да биде сосема различна игра со друга приказна.

За приказната е најавено дека владетелот на кралството е во кома и прашање е дали хероите ќе се борат за превласт или за правда. Една интересна карактеристика на Black Desert Online е што борбите се толку добри како што се рекламирани и што е реткост, бидејќи кај повеќето игри во трејлерите тие се преставени подобри одошто вистински се. Да се надеваме дека тоа ќе биде случај и со Crimson Desert како што е за BDO. Сè уште нема одреден датум за излегувањето на Crimson Desert, иако првично беше најавена за 2021 година. Pearl Abyss објавија дека ќе биде одложена, а фановите шпекулираат дека ќе излезе во текот на оваа година (2022). 

 

2. I, the Inquisitor 

Играта I, The Inquisitor е полска игра што потсетува на неколку популарни игри. Првично атмосферата во градовите потсетува на Witcher 2: The Assassin of Kings што се однесува до мрачните тонови и на „Новиград3 од Witcher 3: The Wild Hunt каде има посветла атмосфера. Симнувањето на јунакот во подземјето потсетува на делот од Вичер 3 каде Гералт патува низ различни димензии преку портали. Самото тоа што се работи за Инквизитор главен лик потсетува на играта Dragon Age Inquisition каде главниот лик е нов тип на инквизитор, што исто така е случајот и овде.

Исто како во Вичер игрите и I, The Inquisitor е базирана на фантазиски книги на полски автор, овојпат не се работи за Анжреј Сапковски, туку за Jacek Piekara којшто исто така ја поставува приказната во алтернативна историја во среден век како и Сапковски. И двајцата прават мешавина од вистински места и настани и алтернативна историја проткаена со “натприродни феномени и моќи”. Со таа разлика дека овој пат не се работи за фирмата CD Projekt Red туку за друга полска фирма наречена The Dust. Таа успешно ја следи формулата за правење игра што ја имаше CD Projekt Red за Вичер игрите, со таа разлика, што колку што е познато, делата на Jacek Piekara сè уште не се преведени на англиски и се продаваат на Амазон само на полски јазик. 

 

3. Dragon Age 4

Што се однесува до Dragon Age игрите, повеќето играчи се согласуваат дека е најдобра првата игра Dragon Age Origins, но и втората Dragon Age 2 е исто така квалитетна и интересна, додека третата Dragon Age Inquisition иако има доста квалитети и не е толку игрива како претходните делови, но нуди поголем свет за истражување и анимациите се модерно исполирани. Покрај богатата приказна, целта во сите Dragon Age игри е “колење демони” и иако магионичарите во играта се најмоќни ликови, повеќето играчи играат “Strength Rogue” што му овозможува на ликот акција со две оружја одеднаш и можност да отвара ковчези кои другите класи не можат да ги отворат. 

Да се надеваме дека четвртиот дел од Dragon Age игрите ќе биде добар сублимат од сите три претходни игри и многу повеќе од тоа.