Black Desert Online – од ултра насилен „комбат” до играње целосно без насилство

Фото: Black Desert Online

Black Desert Online Remastered е една од графички највпечaтливите игри на пазарот, можете да ја пробате со 7 дневниот trial или директно да ја купите од Steam за само 10 евра. „Комбатот” во Black Desert е толку добро сработен што ниедна MMO не ѝ парира во тој поглед. Било која класа да ја одберете помеѓу нинџа, воин, берзеркер, асасин, волшебник, вештерка и многу други, ќе можете да „нукирате” цели групи непријатели со комбоа и специјални скилови.

Уште на самиот почеток од играта може да се увиди квалитетот бидејки го има најдоброто креирање на карактер од сите MMO-а со највеќе детали што можете да ги менувате, од фризури, до боја на очи, до градба на тело и многу други опции дури има и различни веѓи кои можете дополнително да ги средувате. А, сите ликови изгледаат впечатливо според класите, дури и има претходни „темплејти” со целосно сработен изглед од заедницата на играта кои може да ги употребите кога креирате карактер.

Сега за сега класата Sage е фаворит и покрај најновата класа Corsair што е девојка-пират што се претвора во сирена и контролира водни магии. Сепак Sage-от прави повеќе „демиџ”. 

Играта можете да ја играте тотално ненасилно преку таканареченото “Life Skilling” што опфаќа риболов, пловење и тргување со бродови и чамци, собирање растенија што потоа ги употребувате во алхемија за различни намени, тренирање на коњи за јавање, рударство, цепење на дрвја и ловење животни-само последниве две активности потсетуваат на нешто насилно. Исто така преку овие активности можете да кревате левел со што ви се појачува ликот целосно.

Една од поинтересните активности што најпрвин сите ја учат е тренирањето на својот коњ за јавање. Исто така можете да јавате магариња, камили и слонови. Самите коњи иако можете да ги припитомувате од дивина – што е процес што бара повеќе ангажман и знаење како да се направи, вообичаено играчите купуваат поскапи коњи уште од старт со поголем “tier” 7 или 8 и посветуваат време да ги тренираат. Додека го тренирате коњот ги употребувате скиловите што не се левелирани и има quick time евенти во кои стискате обележани копчиња бргу инаку коњот ќе падне и ќе се сруши во сред трчање, но веднаш потоа се исправува. За да не му се потроши издржливоста на коњот добро е да имате храна за коњот која му ја надополнува и треба да носите доста моркови со вас дека тоа е омилената храна на коњите во играта. Додека коњите од “tier” 8 може да се купат од пазарот во играта за 7-10 милиони сребро, Dream најдобрите коњи чинат од 9 милијарди (ова е без претерување) до 12 милијарди сребро. Се работи за коњи како пегаз (што може да “глајда” од високо) еднорог (што е најбрз со обично трчање) и пеколни коњи обвиени со оган кои имаат комбат скилови и може да носат двајца играчи со скилот Two Seater. Истиот скил може да се има и на tier 8 коњ, што е особено корисен скил кога „бустате” друг играч за левел.

Бидејќи целата игра се заснова на многу „грајнд” особено ако не играте Life Skilling туку ве интересира само комбатот, ако бустате(појачувате) играч со лик што е штотуку почнат треба да го однесете на далечна локација од првите градови како на пример до Храмот на Нагите. Во спротивно ако немате Two Seater ќе треба да чекате почетникот да дојава до локацијата на побавен коњ, дека вие би стигнале таму први. Обично карактерите се „бустаат” до 56 левел а потоа левелираат сами. На 56 левел има Oasis евент на којшто може да се земе комплетна опрема оклоп и оружја за да се левелира потоа соло. Левел капот е 60 левел иако има и ретки луѓе што левелираат и до 61 и повеќе бидејќи нема ограничување на левелот, а што повисок левел- тоа потешко се напредува.

Има и AFK левелирање(offline левелирање) каде вашиот лик употребува книги со кои левелира пред кунг фу кукла за удирање. Можете да ја минимизирате играта додека трае тоа и да не троши премногу ресурси од компјутерот, но тоа иако помага сепак е побавно одошто да „грајндате”. Има и квестови во играта кои даваат искуство и нивоа на енергија, но има и доста багирани квестови поради кои не може да се продолжи па повеќето луѓе бараат „бустови” и потоа „грајндаат”. Сите квестови за „авекенинг” и „суксешн” се забавни на сите класи и имаат уникатни приказни. Со „авекенинг” добивате и нов тип на оружје и скилови па за некои класи е и подобро да не правите „суксешн” туку да ги оставите и играте во „авејкенинг”.

Бидејќи нема директно трејдање во играта, а главната валута е сребро можете сами да го заработувате на различни начини, најчесто се прави со „грајндање босеви” по мапа и со продавање на „лутот”(добиените вредни „ајтеми”) на централниот маркет во играта. Ако немате доволно силен компјутер можете да ја играте играта на Cloud Gaming преку GeForce Now. Истражувајте, пробајте ја играта затоа што навистина вреди.