Играта Black Desert Online е бесплатна за превземање на Steam до 13 април

Скриншот од играта Black Desert Online
Скриншот од играта Black Desert Online

Играта Black Desert Online е бесплатна за превземање на Steam до 13 април. Играта обично се продава за 10 евра, но сега можете да ѝ направите “claim” на Steam иако додатните содржини што можат да се купат се многу. Во наш претходен напис од лани е опишана целата игра, но денес ќе се осврнеме на најновите промени во самата игра од тогаш. 

Black Desert стартува „нова сезона“ и тоа со „најнов херој“ односно хероината Drakania:

Во играта има 23 други ликови за бирање на класа кои можете да ги уредувате како сакате со еднa од најдобрите „костумизации на карактер“.

Тоа што е сменето е што сите класи имаат голем број нови „скинови“ за цели сетови на ликовите од кои некои вклучуваат и нови скинови за нивните оружја, а некои не. 

Aко решите да ја левелирате класата Drakonia на секои неколку левели добивате награди кои можете да ги употребите на целиот ваш акаунт. На пример препорачливо е „ајтемите“ за зголемување на вашиот инвентар да ги префрлите и употребите на вашиот главен лик што ви е најголем левел и највеќе го играте или сте го играле.

Драконија класата користи дворак меч за „сукцесија“ додека оружјето за „авејкенинг“ не е уште откриено, но ќе биде скоро откриено и имплементирано во играта. Исто така магијата со која се обвива ликот е електрицититет или популарно „громови“ од кои некои се во форма на змејски облици или крилја додека удирате. Има импресивен „комбат“ трејлер за тоа како моментално изгледаат борбите во играта:

Во играта има додадено и нова зона што функционира како досегашната пустина, каде наместо “debuff” за исцрпеност, добивате “debuff” за измрзнатост. Според приказната, Драконија и Гардијан-девојката како класи имаат „змејска крв“ во себе но се две спротиставени страни. 

Во секој случај играта вреди да се земе и е многу ретко на промоција, особено поради фактот што на Steam ретко даваат волку добра игра бесплатно.