Кратки гејминг вести: Бесплатна Black Desert Online Remastered и нова тужба за Близард

Скриншот од главниот сајт на Black Desert Online Remastered
Скриншот: Black Desert Online Remastered

Ви пренесуваме дел од најновите кратки вести од светот на видео игрите:

Black Desert Online Remastered може да се добие бесплатно, доколку кренете левел 50 на сега 14 дневниот пробен период. Ова се прави и во еден ден ако ви помогне некој со „буст“ што може да трае 20тина минути до левел 50. Најдобра блиска локација до првата зона за вакво нешто е Soldiers Rest, во близина на еден од најнаселените градови Heidel. Други добри локации се Polly’s Forest што е предалеку од стартната зона но дава највеќе искуство а најоптимална подалечна локација е Nagas Temple каде што во последно време изненадувачки многу е зголемено добивањето искуството.

Логирајте се на Black Desert и кренете над левел 10 за да можете да користите коњ и побарајте некој на чат да ве бустне до левел 50, има многу играчи што би помогнале, бидејќи за нив тоа не е некое губење време, а вас ќе ви значи многу, односно нова бесплатна игра. 

На стартот на Diablo II Resurrected имало багови со исчезнување на ликови заради двојни имиња и тоа траело неколку часа додека не го средиле со нов софтврски додаток или Patch. Сега си функционира глатко и повеќето луѓе што ја купиле играта многу им се допаѓа новиот изглед. 

Исто така ако ги чувате старите сејвови (saved games) од Diablo 2 потврдено е и дека работат и на Diablo II Resurrected за Single Player. Бидејќи ретко кој ги чува сејвовите, оваа опција може да предизвика и повторно користење на Diablo II Save Editor програмчињата каде можете да ги измаксирате ликовите за неколку минути, но тоа секако би го уништило целото искуство од преигрување на играта со новиот изглед и ремастерирана музика.   

Од најнови вести издвојуваме и дека Близард(Blizzard) повторно имаат нова тужба овојпат на федерално ниво за злоупотреба на пазарот. За тие што не се упатени, државата Калифорнија ги обвинува Близард за злоупотреба на женските работници, кои биле малтретирани од машки колеги кои на работа пиеле екцесивни количини на алкохол и им вршеле сексуално малтретирање. Покрај тоа обемот на работата кај жените бил многу поголем од обврските што им се давале на мажите во фирмата. Има и извештаи дека вработените функционирале како „братство на колеџи“ и ги третирале жените многу лошо. Наводно, отишле дотаму што поставиле и свои камери во женските тоалети да ги набљудуваат колешките. По овие настани следеа и многу заминувања од позиции на познатите Близард директори, раководители и девелопери од самата фирма.

Компанијата наводно имала поставено ликови со имиња и надимаци на обвинетите вработени во играта World of Warcraft кои ги бришеа во повеќе пачови изминативе месеци со бројни извинувања и изјави дека Близард се залага за еднаквост и нема да толерира такво однесување. Но, најновата тужба е нешто ново и се однесува на акционерите и во овој случај од Близард соработуваат.

Што се однесува до игрите и сервисите што ги обезбедува Близард, сè си тече нормално и вработените што си заминале се заменети со нови луѓе. Што значи ова за иднината на фирмата сè уште не се знае. Гејмерите го доведуваат во прашање и тоа дали Близард воопшто ќе има иднина, но за чудо и покрај сето ова фирмата опстанува. Досега се успорени два проекта и не се знае кога ќе бидат готови. Одложени се на неодредено време Overwatch 2 и Diablo 4. Играта Diablo II Resurrected која што само што излезе не е директно изработена од Blizzard туку од  Vicarious Visions, Близард само зема голем дел од заработката од нив.