Играта Cyberpunk 2077 се реактуелизира поради новото аниме Egderunners и новиот „пач“

Cyberpunk 2077 Кијану Ривс -скриншот од главниот вебсајт на играта
Cyberpunk 2077 Кијану Ривс -скриншот од главниот вебсајт на играта

Играта Cyberpunk 2077 драстично се реакуелизира поради новата аниме серија Cyberpunk 2077 Edgerunners на Netflix во продукција на CD Project Red и тим на јапонски уметници, како и поради новиот „пач“ за играта по што продажбите на Steam скокнаа до бројка над 130.000 играчи во пикот. Играта моментално котира и во првите 20 најиграни игри на Xbox.

Што се однесува до ултра популарното аниме Cyberpunk 2077 Edgerunners на Netflix, станува збор за аниме за возрасни со многу сцени со “blood and gore” и голотија и не се препорачува за гледачи под 18 години. Има неверојатна акција и добра приказна и големо ниво на бруталност, затоа и го преплави интернетот со позитивни критики.

Најновиот пач за играта носи свои нови оружја и графички подобрувања, а во иднина она што е постоечко како модови како на пример „пукање со возила“ што не се однесува само на бркање со возила од полиција туку и на борби меѓу банди, ќе биде имплементирно во играта. Друга карактеристика што сакаат да ја апдејтираат се melee оружјата – оружја за блиска борба како катани, палки, вулверински канџи, „мантис сечива“ и „мономолекуларни влакна“ што сечат молекули. 

Исто така, девелоперите најавија дека ќе има и други содржини во истиот Сајберпанк 2077 свет. Но, не е кажано дали ќе се работи за книги, “boardgames” или други производи. 

Во најновиот „пач“, исто така, има локации и многу референци со аниме серијата, а најпопуларен „билд“ (начин на подесени способности и оружја) е наречен „Сајбернинџа“. Дури и имплантот којшто е ‘рбетен систем наречен „Сандевистан“ што го користи протагонистот Дејвид Мартинез во Edgerunners – го има во играта и се употребува за овој „билд“. Имплантот ја зголемува брзината на движење, а во играта тој ефект е како успорување на време, сè станува многу бавно додека вие се движите брзо и ги елиминирате непријателите од блиску со катана или друго ладно оружје по ваш избор. 

Ова е добро време да ја играте Cyberpunk 2077 затоа што откако е излезена е многу поправена и исполирана.