fbpx
Таг: вакцини против ковид-19

таг: вакцини против ковид-19

91-годишно лице меѓу првите што се вакцинираа против ковид-19 во Штип

Виталниот 91-годишник сам дојде, ги искачи скалите од Здравствениот дом во Штип и пристигна на вториот кат на пунктот за вакцинација на закажаниот термин за да ја прими првата доза на вакцината АстраЗенека. Овој пациент беше меѓу првите кои денеска ја примија вакцината и го означија на почетокот од вакцинацијата на повозрасните граѓани во Штип. Вчера попладне во Одделот...

Пановски: Не знам зошто да не се прими втора доза на „АстраЗенека“ ако веќе е примена првата

Околу дваесет милиони луѓе само во Велика Британија се вакцинираа со „АстраЗенека“, но и илјадници други во други држави, па затоа не гледам причина да запре вакцинацијата со таа вакцина. Ова е ставот на проф. д-р Никола Пановски, по последната одлука на Министерството за здравство да ја прекине вакцинацијата на лица помлади од 60 години. Инаку, илјадници наши граѓани...

Од денеска започнува вакцинацијата со „АстраЗенека“ за граѓани над 77 години, оние под 60 години ќе бидат изземени

Денеска започнува вакцинацијата на граѓани над 77-годишна возраст со вакцината на „АстраЗенека“. Од предвидени 20.000 вакцини, до сега се закажани 5.976 термини за вакцинација. Од Министерство за здравство информираа дека до крајот на оваа и за следната недела, на територија на цела држава пуштени се 9.577 термини. Денеска ќе стартува вакцинацијата во Скопје, односно во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир и...

Преписка меѓу претседателот и министерот за здравство: Филипче изненаден, Пендаровски крајно зачуден

Министерот за здравство Венко Филипче е изненаден од изјавата на Стево Пендаровски дека вакцинирањето во Србија е срам за нашата држава, вели изостанала поддршката од претседателот во набавката на вакцини. Пендаровски, пак, одговори дека е крајно зачуден што министерот не го спомнал фактот дека претседателот ги направил првичните контакти со најголемите фармацевтски компании кон крајот на декември минатата година. Изненаден...

Пендаровски: Срам за нашата држава беа сликите кои ги гледавме минатиот викенд во Србија

По одржувањето на 12-тата седница на Советот за безбедност на која присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, Претседателот на РСМ Стево Пендаровски во изјавата после седницата рече дека државата не смее да дозволи ниту еден наш граѓанин да не биде примен на болничко лекување, ниту пак да се повторат сликите од изминатиот викенд кога граѓаните масовно се упатуваа...

Македонскиот државен врв ургираше за вакцините кај кинескиот министер за одбрана

Премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска и претседателот Стево Пендаровски на денешните средби со министерот за одбрана на Кина, Веи Фенгхе ургираа тој да се заложи за што побрза испорака на нарачката на кинеските вакцини против ковид-19 од производителот „Синофарм“. „Побарав од кинескиот министер да се заложи за побрза испорака на кинеските вакцини во Северна Македонија“, објави...

Стигна втората пратка руски вакцини за ревакцинација на здравствените работници

Министерството за здравство соопшти дека денеска во 14:30 часот на меѓународниот аеродром во Скопје стигнала втората пратка од руската вакцина „Спутник В“. Со доставените 3.000 дози ќе се изврши ревакцинација на 3.000 здравствени работници. Станува збор за медицински работници од различни рангови што работат во ковид-центрите низ земјава.

СЗО, УНИЦЕФ, ЕУ, САД и Велика Британија го поздравија пристигнувањето на првите вакцини од Ковакс

Пристигнувањето на првите вакцини во земјава преку механизмот Ковакс го поздравија СЗО, УНИЦЕФ, Делегацијата на ЕУ во земјава и евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз и амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј. На скопскиот аеродром утрово пристигна пратката на 24.000 дози на вакцини на „Оксфорд/Астра-Зенека“ против ковид-19. Ова е прва во низата испораки на вакцини преку механизмот КОВАКС...

Пановски: Се чувствував подобро по првата примена доза на „Фајзер/Бионтек“

Проф. д-р Никола Пановски, микробиологот од Медицинскиот факултет, кој од почетокот активно ги следи сите случувања поврзани со пандемијата на ковид-19, на 8 март ја примил првата доза вакцина на „Фајзер/Бионтек“. Уште по примањето на првата доза, вели дека се чувствувал подобро, а од нус појави, имал само болка во раката. Тој за „Мета.мк“ вели дека вакцината на овој...

Адмирал Бурк: НАТО разгледува можности за помош со вакцини против ковид-19

НАТО бара начин да помогне во снабдување со вакцини, рече денеска адмирал Роберт Бурк, командант на Сојузничката команда на здружени сили во Неапол, кој дојде во Скопје за утрешната свеченост по повод првата годишнина на македонското членство во Алијансата. - Често зборуваме за тоа, и на политичко и на воено ниво, постојат механизми, покрај националните напори. Како што се зголемува...

Првите 24.000 дози вакцини на „Оксфорд/АстраЗенека“ ќе пристигнат во недела преку Ковакс системот, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва преку официјалните профили на социјалните мрежи најави дека во земјава преку Ковакс системот ќе пристигнат првите 24.000 дози на вакцини против ковид-19. Како што посочи Филипче, станува збор за вакцина на производителот Оксфорд/АстраЗенека. Тој очекува вакцините во Скопје да пристигнат во недела на 28 март во 7:55 часот наутро.

Филипче: Покрај борбата за вакцини се бориме и со лажните вести кои што ВМРО-ДПМНЕ ги шири

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва во Собранието одговарајќи на прашање на пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата дека владини функционери преку ред се вакцинирале против Ковид 19. Филипче посочи дека вакцинацијата во земјата се води исклучиво според Националната стратегија за имунизација и никој не го злоупотребил процесот. „Знам дека сакате да не успееме во нашата борба за да...

Порталб: Имунитетот на ковид-19 не се развива веднаш по примањето на вакцината

Во земјава, од вкупно вакцинирани 6.760 здравствени работници, 104 биле позитивни на тестирањето на ковид-19 откако се вакцинирале. Според хемичарот Егзон Адеми тоа е сосема нормално, бидејќи според него, човечкиот организам не создава веднаш одбранбен имунитет после добивањето на вакцината. За тоа, на организмот му се потребни најмалку две недели по втората доза. Лекарот Љиридон Диша, кој веќе се...

Филипче: Механизмот на солидарност на ЕУ за вакцини дефинитивно ќе профункционира

Министерот за здравство Венко Филипче, во гостување во вестите на телевизија Телма, говореше за новата регулатива на Европската Комисија, која денеска ја објави претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, со што ќе профункционира солидарниот фонд на Унијата, од каде вакцини терба да добие и нашата земја, информираат од Министерството за здравство. За да се подобри механизмот за респределба на...

Заев очекува почеток на масовната имунизација на населението на крајот на март или почеток на април

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека додека не се добие одлука од производителите дека вакцините се товарат, тие не можат точно да кажат кога ќе пристигнат вакцините за масовна имунизација на населението. Тој рече дека следната недела треба да пристигне втората доза за 3.000 здравствени работници од руската вакцина „Спутник В“, но и очекува дека кон крајот на месецов...

Дебата: Дигиталниот зелен сертификат треба да го олесни патувањето во ЕУ земјите

Во рамките на „Разговорите за дигитална трансформација“ што ги организира Академијата за е-владеење (ЕГА) од Естонија, денеска се одржа дебатата на тема „Здравствена безбедност и сертификати за вакцини“, на која особен осврт се даде на прашањето како да се зголеми довербата во сертификатот за вакцинација на европскиот континент. Пред неколку дена, Европската Комисија го предложи воведувањето на дигитален зелен...

Вакцината Оксфорд/Астра Зенека е безбедна, покажаа резултатите од новото тестирање во САД

Британскиот јавен сервис БиБиСи објави резултати од тестирањето на вакцината „Оксфорд/АстраЗенека“ во САД, според кои оваа вакцина е безбедна. Испитувањето се вршело на 32.000 доброволци од САД, но и од Перу и Чиле, а резултатите покажале дека ефективноста против SARS-CoV-2 е околу 79 отсто, додека вакцината е 100 успешна во превенција на сериозно заболување од ковид-19. Исто така, се посочува...

МЗ: Вакцината Спутник В се набавува во директна комуникација со Рускиот инвестициски фонд

Руската вакцина Спутник В не се набавува преку српски државјанин како посредник, туку во директна комуникација со Рускиот инвестициски фонд во Москва. Министерството за здравство денеска ги демантираше лагите и дезинформациите објавени на неколку медиуми дека земјава преку посредник - српски државјанин ја набавила вакцината против ковид-19 произведена од рускиот Центар „Гамалеја“. „Министерството за здравство ја информира јавноста дека набавката...

Балканските патишта кон ЕУ: Србија – регионалната ѕвезда на вакцинацијата во геостратешкиот мозаик

Последниве неколку месеци, Србија е ѕвездата од Балканот на вакцинацијата против КОВИД-19. На сите графикони по сите социјални мрежи следени од милиони луѓе ширум можете да ја забележите Србија на челните места по процентот на вакцинираност на населението. Славата ја стекна не затоа што беспоговорно ја следеше ЕУ, туку токму заради спротивното – затоа што играше на повеќе карти,...

На платформата kovid19vakcinacija.mk граѓаните можат да се информираат за вакцините што ќе се даваат во земјава

Досега 5.245 граѓани во земјава биле вакцинирани против ковид-19, а 138.457 лица се заинтересирани да бидат имунизирани во наредниот период. Овие податоци, заедно со подетални информации за самите вакцини што ќе бидат достапни за граѓаните, процесот и фазите на вакцинација можат да се прочитаат на новата он-лајн платформа kovid19vakcinacija.mk, информираат од Министерството за здравство. Граѓаните на оваа платформа може да...

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...