fbpx

Преписка меѓу претседателот и министерот за здравство: Филипче изненаден, Пендаровски крајно зачуден

-

Министерот за здравство Венко Филипче е изненаден од изјавата на Стево Пендаровски дека вакцинирањето во Србија е срам за нашата држава, вели изостанала поддршката од претседателот во набавката на вакцини. Пендаровски, пак, одговори дека е крајно зачуден што министерот не го спомнал фактот дека претседателот ги направил првичните контакти со најголемите фармацевтски компании кон крајот на декември минатата година.

Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза, соопшти Филипче преку Министерството за здравство

Тој додаде дека покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја.

„Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре“, вели Филипче додавајќи дека Претседателот на државата како институција, исто так,а би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки.

За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана, заклучува Филипче

Кратко по соопштението на министерот за здравство, реакција испратија и од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Оттаму велат дека „Претседателот во целост се согласува со изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност, но, тоа е солидарност која државата Србија ја покажа кон десетина илјади наши граѓани“.

Меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење, вели Пендаровски.

Во однос на процесот на набавка на вакцини, во соопштението од кабинетот се вели дека претседателот бил крајно зачуден што Филипче свесно не спомнал дека првичните контакти со фармацевтските компании биле направени токму преку неговиот кабинет кон крајот на декември минатата година.

„Оттогаш до денес претседателот Пендаровски е активно вклучен преку дипломатските канали во процесот за набавка на вакцините, што инаку е примарна надлежност токму на министерот за здравство“, додаваат од кабинетот на претседателот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...