fbpx
Таг: вакцини против ковид-19

таг: вакцини против ковид-19

Груби и Шахпаска денеска се вакцинираа против ковид-19, порачуваат и граѓаните да се пријават

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се вакцинираа против ковид-19. Груби се вакцинираше во вакциналниот пункт во поликлиниката Чаир, додека Шахпаска ја прими првата доза на вакцина на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“. Шахпаска во изјава за медиумите посочи дека граѓанска должност...

Денеска 10.000 нови дози вакцини на „Фајзер“, во сабота 100.000 вакцини „Синофарм“ од кинеската армија

Вакцинацијата во земјава се одвива добро, околу 110.000 граѓани се веќе вакцинирани, од кои 23.000 се граѓани се ревакцинирани со втора доза. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој дополни дека денеска пристигнуваат околу 10.000 вакцини на „Фајзер“. Половина од нив се од директниот договор со производителот, а другата половина преку солидарниот фонд на Европската Унија...

Вчера биле вакцинирани 13.725 граѓани, досега аплицирани 118.984 дози вакцини

Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден вкупно биле вакцинирани 13.725 граѓани. Прва доза вакцина против ковид-19 вчера примиле 12.487 граѓани, додека преостанатите биле вакцинирани со втора доза. На вакциналните пунктови во државата, заклучно со вчера, вакцинирани биле вкупно 97.004 граѓани, додека ревакцинирани се 21.890 граѓани. „Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за...

Граѓаните што вчера добиле термин во друг град можат да се вакцинираат денеска во најблискиот вакцинален пункт

По појавата некои луѓе да добиваат термини за вакцинација во друг град, Министерството за здравство ги информира сите граѓани кои се соочиле со ваков проблем и од таа причина не се појавиле вчера на вакцинација истото да го сторат денеска во местото каде живеат, односно на вакциналниот пункт во нивниот град. Не е потребно повторно да се пријават ниту на...

Утрово пристигнаа 200.000 дози на вакцини од Синофарм, од вторник започнува масовна имунизација низ целата држава

Рано утрово пристигнаа 200.000 дози на вакцините на Синофарм, обезбедени во директни преговори со производителот. Со овие вакцини ќе се овозможи масовна имунизација на населението, информира министерот за здравство Венко Филипче, кој ја најави престојната имунизација од вторник, веднаш после дистрибуцијата на предвидените дози до сите пунктови каде ќе се спроведува вакцинацијата. Вакцините ќе бидат сместени во ладната соба во...

Србија ѝ донираше на Северна Македонија дополнителни 13.000 вакцини „Спутник V“

Србија на Северна Македонија ѝ донирала дополнително 13.000 вакцини „Спутник V“ изјави премиерката Ана Брнабиќ, наведувајќи дека до сега оваа држава ни донирала вкупно 48.000 вакцини, пренесуваат српските медиуми. Вакцините биле испорачани доцна синоќа во рамки на контингентот од 20.000 вакцини, компонента 2, наменети за ревакцинација. Брнабиќ потсети дека тие 20.000 вакцини се испорачани пред три недели. Српската премиерка нагласила дека...

Филипче: Вакцинацијата со „Синофарм“ ќе започне по Велигден, а во мај се очекуваат уште 26.000 дози на „Фајзер/Бионтек“

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека според информациите кои ги добил од компанијата „Фајзер/Бионтек“, во мај се очекува да пристигнат 26.000 дози од нивната вакцина, при што количества од по 5.000 до 7.000 дози ќе се испорачуваат секој понеделник. Следната недела се очекуваат и 200.000 дози од кинеската вакцина „Синофарм“, со што вакцинацијата со нив би започнала во...

Дојче Веле: Македонските граѓани на вакцинација и во Бугарија

Бугарската клиника „Комак Медикал“ од вчера започна со вакцинација против ковид-19 и на македонски граѓани со вакцините „Фајзер“ и „Модерна“, извести Дојче Веле сервисот на македонски јазик. Од претставништвото на бугарската клиника за испитувања на лекови во Скопје за Дојче Веле ја потврдиле информацијата, појаснувајќи дека вакцинацијата ќе се врши во центарот на компанијата во дворот на Александровската болница во...

Преку механизмот на ЕУ од Австрија ќе добиеме уште 119.000 дози на вакцини од „Фајзер“

Како дел од механизмот на Европската Унија за помош на соседните земји и Африка, Австрија денеска објави дека до крајот на август ќе испорача 651.000 дози на вакцини од производителот „Фајзер/Бионтек“. Македонија преку овој механизам е планирано да добие 119.000 дози на вакцини. Дистрибуцијата на вакцините против ковид-19 ќе почне во мај, изјави австрискиот министер за надворешни работи Александер...

Пристигнаа 10.530 вакцини од Фајзер, утре почнува вакцинацијата со нив

Од утре низ вакциналните пунктови во земјава ќе продолжи имунизацијата на населението против ковид-19 со вакцините „Фајзер“. Вчера попладнето пристигнаа 10.530 вакцини „Фајзер“, која што Министерството за здравство ја обезбеди со директни преговори со производителот, информираат од ова министерство. Станува збор за прва пратка од „Фајзер“, додека втората со уште 10.000 вакцини за овој месец се очекува да пристигне на...

Твитер, Фејсбук и Снепчет се дел од кампањата на Белата куќа за вакцинација против ковид

Фејсбук, Твитер и Снепчет се меѓу компаниите што ќе помогнат во промотивната кампања на администрацијата на Бајден за подобност на вакцините, објави Аксиос. Белата куќа се надева дека со овој напор ќе допре до населението кое може да има поголеми стапки на колебливост за вакцините. Според Аксиос, Ентони Фаучи, главниот медицински советник на претседателот, ќе направи видео клипови на Снепчет,...

ЕУ ќе добие дополнителни 50 милиони дози на вакцината „Фајзер“ до крајот на јуни

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лаен денеска информираше дека е постигнат договор за испорака на дополнителни 50 милиони дози од вакцината „Фајзер“ со производителот. Со ова, од „Фајзер/Бионтек“ земјите од ЕУ во вториот квартал од годинава ќе добијат вкупно 250 милиони дози од оваа вакцина за имунизацијата на населението, пренесува Јуроњуз. Таа се заблагодари на производителот на вакцините...

Преку КОВАКС механизмот, земјава до јуни треба да добие 100.620 дози од вакцината „Фајзер“

Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ) планира во вториот квартал од годинава да испорача околу 14,1 милиони дози на вакцини против ковид-19 во 47 земји низ светот. Нашата земја, заедно со Босна и Херцеговина и Косово до јуни преку КОВАКС механизмот треба да добијат по 100.620 дози од вакцината „Фајзер“. Ова би значело дека на Македонија за вториот...

Филипче: Вакцината Астра Зенека нема да се дава на лица помлади од 60 години

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека утрово во редовната координација со членовите на работната група за имунизација и со директорите на клиниките се разгледувал ставот на бордот на Европската агенција за лекови во врска со безбедноста на вакцината Астра Зенека. Согласно препораките на Европската агенција за лекови секоја држава да завземе сопствен став за употреба на вакцината, одлучено...

Брисел бара единство, европските влади поделени околу ограничувањата на употребата на Астра Зенека

По вчерашната проценка на Европската агенција за лекови (ЕМА) дека вакцината Астра Зенека во многу ретки случаи може да предизвика згрутчувања на крвта кај лицата што ја примиле, министрите за здравство на ЕУ одржаа вонредна виртуелна средба на која не се договорија да изготвуват заеднички упатства за употреба на оваа вакцина. Во меѓувреме, Шпанија го ограничи користењето на вакцината...

ЕМА попладнево треба да одржи брифинг за вакцината „АстраЗенека“

Европската агенција за лекови (ЕМА) попладнево во 16 часот ќе одржи брифинг за вакцината „АстраЗенека“, јавува Ројтерс, пренесува Гардијан. Од Агенцијата се очекува да ја објави новата проценка за ризик за вакцината. Посебна комисија во рамки на ЕМА врши проверка и треба да објави заклучок. Ова е моменталниот епилог од настаните откако вчера шефот на одделот за вакцини на...

Филипче: Од 2.800 пријавени, 2.500 се вакцинирале вчера, нема датум кога ќе пристигнат следните вакцини

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека вчера се вакцинирале 2.500 граѓани, од вкупно 2.800 пријавени. Имало два случаи на колабирање, но не поврзано со вакцината туку поради паничен напад и страв. Заклучно со вчера 13.000 граѓани се вакцинирани, а 90 проценти од медицинскиот персонал кој работи во ковид-центрите е вакциниран и ревакциниран. Во салата „Борис Трајковски“ се вакцинирал и...

Анкета на МЦМС: Расте заинтересираноста на граѓаните да се вакцинираат против ковид-19

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамките на истражувањето  „Ковид-19: една година стравови, очекувања и желби за враќање во ‘нормала’“ преку анкета ги провери ставовите на граѓаните поврзани со здравјето и со другите состојби што ги предизвика болеста ковид-19, информираат од МЦМС. Резултатите од истражувањето покажале дека половина од испитаниците целосно и донекаде имаат доверба во новите вакцини (50,4...

Србија ѝ донираше на Македонија уште 20.000 руски вакцини „Спутник V“

Србија ѝ донираше на Македонија 20.000 од руските вакцини Спутник V, од пристигнатите 100.000 кај нив, изјави на прес-конференција премиерот Зоран Заев кој денеска со министерот за здравство Венко Филипче ги пречекаа овие вакцини пред Институт за трансфузиологија. Од следната пратка за Србија со уште 100.000 вакцини „Спутник V“, за Македонија ќе бидат донирани уште 20.000. Заев истакна дека овие 40.000...

Филипче: Внимателни сме со „АстраЗенека“, границата со Грција се отвора на 14 мај

Ние одлучивме да бидеме внимателни и да одиме полека, но сигурно кога станува збор за вакцината на „АстраЗенека“ и затоа ќе чекаме дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна, рече предмалку во изјава министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека ќе има состанок со претставници на Агенцијата за лекови Малмед, а ќе разменат информации и директно со германското министерство...

Не е точно дека Украина нема црква

Во Украина 72 проценти од населението се декларира како православно, но после руската воена инвазија врз Украина, се појави анимозитет меѓу верниците кои припаѓаат на различни православни цркви. Едната...