fbpx

Филипче: Внимателни сме со „АстраЗенека“, границата со Грција се отвора на 14 мај

-

Ние одлучивме да бидеме внимателни и да одиме полека, но сигурно кога станува збор за вакцината на „АстраЗенека“ и затоа ќе чекаме дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна, рече предмалку во изјава министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека ќе има состанок со претставници на Агенцијата за лекови Малмед, а ќе разменат информации и директно со германското министерство за здравство, пред да се одлучи што понатаму со оваа вакцина

– Она што се јавува како нус-појава е тромботична реакција која настанува како резултат на вакцината „АстраЗенека“, после што се создаваат грутки во крвта. Станува збор на еден случај на 120.000, но иако се ретки случаите, сакаме да бидеме претпазливи. Кај нас има еден случај, девојка на 28-годишна возраст од вчера е на болничко лекување заради ваква тромботична реакција. Вакцината ја примила во Србија, а реакцијата ѝ се појавила шест до седум дена после вакцинацијата. Не се констатирани претходни заболувања кај девојката. Сепак, не треба да се создава паника, ова што го правиме е акт на внимателност додека не се знаат сите информации. Ќе започнеме со другите категории граѓани, кога ќе бидеме сигурни дека може да се продолжи со вакцинација и на помладите луѓе. Верувам дека ќе се потврди дека бенефитот од вакцината е поголем од ризикот што го носи ковид – рече министерот.

Тој кажа дека имајќи го предвид фактот што еден дел од граѓаните се вакцинираа во Србија, засега нема никави препораки дека нешто превентивно треба да се преземе и прави.

– Сепак станува збор за многу ретки случаи кај кои доаѓа до ваква реакција. Во однос на ревакцината, сите кои се вакцинирани ќе бидат ревакцинирани согласно препораките кои ги очекуваме – додаде тој.

Од утрово досега околу 20 проценти не се појавиле на закажаниот термин за вакцинација. Филипче кажа дека нема регистрирани несакани ефекти кај лица повозрасни од 60 години кои ја примиле вакцината на „АстраЗенека“.

Филипче информираше и дека грчкиот министер за туризам го известил дека на 14 мај ќе биде отворен граничниот премин во Дојран, како и граничниот премин „Богородица“. За влез во Грција, на македонските граѓани ќе им биде потребна потврда за примена вакцина или потврда за негативен ПСР тест.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...