fbpx

Србија ѝ донираше на Македонија уште 20.000 руски вакцини „Спутник V“

-

Србија ѝ донираше на Македонија 20.000 од руските вакцини Спутник V, од пристигнатите 100.000 кај нив, изјави на прес-конференција премиерот Зоран Заев кој денеска со министерот за здравство Венко Филипче ги пречекаа овие вакцини пред Институт за трансфузиологија.

Од следната пратка за Србија со уште 100.000 вакцини „Спутник V“, за Македонија ќе бидат донирани уште 20.000.

Заев истакна дека овие 40.000 вакцини се многу важни за одржување на континуитет на вакцинацијата.

„Важно е заради одржување на динамиката, а согласно информациите покрај здравствените домови, подготвена е вакцинација и во салата „Борис Трајковски“. Ги повикувам граѓаните да се пријават во системот за вакцинација. Сите вакцини се проверени, здрави и колку побрзо се вакцинираме побрзо ќе се вратиме на нормален живот,“ рече Заев.

Тој додаде дека сите во Владата се пријавиле преку овој систем, а тој лично ќе се вакцинира со онаа вакцина која што ќе биде достапна кога тој ќе дојде на ред.
Уште еднаш повтори дека најодговорно тврди дека во Владата нема министер кој се вакцинирал против ковид-19.

Премиерот се заблагодари на српскиот државен врв, бидејќи покажуваат чин на пријателство и хуманост во овие тешки моменти.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека ова ќе значи континуитет на вакцинирањето и вклучување на поголем број на групи.

Со вакцините на „АстраЗенека“ ќе се вакцинираат повозрасните над 77 години, а со „Спутник V“ оние кои што претходно беа планирани, вработени во МВР, АРМ, судови, обвинителства, ЈСП, новинари, вработени во Царина, патарини, но кои се во повозрасна група.

Филипче сè уште ја чека потврдата од Европската агенција за лекови, за вакцинирање на помладите со „АстраЗенека“. Тој истакна дека според информациите од МВР, 10.000 граѓани ја напуштиле државата и заминале во Србија изминатиот викенд. За нив, Филипче ќе ги побара податоците од српскиот министер за здравство, за да влезат во нашиот систем.

Вакцинацијата со „Спутник v“ ќе се одвива во салата „Борис Трајковски“, бидејќи како што објасни Филипче, со отворањето на вакцината, таа треба да се аплицира на 10 луѓе во рок од 2 часа.

Премиерот Заев вели дека до мај се очекуваат 25.000 вакцини од ЕУ од вкупно 100.000 што се предвидени, пристигнување на 200.000 од кинеските вакцини на „Синофарм“, 800.000 вакцини на „Фајзер“, како и „Спутник V“ исто така. Тој додаде дека нарачката за вакцини во мај ќе ја зголемат за 500.000 од кинеската вакцина на  „Синовак“, за да се дојде до бројка од 2.600.000 дози на вакцини што е доволно за имунизација на 1.300.000 граѓани на земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...