fbpx

Денеска 10.000 нови дози вакцини на „Фајзер“, во сабота 100.000 вакцини „Синофарм“ од кинеската армија

-

Вакцинацијата во земјава се одвива добро, околу 110.000 граѓани се веќе вакцинирани, од кои 23.000 се граѓани се ревакцинирани со втора доза. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој дополни дека денеска пристигнуваат околу 10.000 вакцини на „Фајзер“. Половина од нив се од директниот договор со производителот, а другата половина преку солидарниот фонд на Европската Унија за Западен Балкан. Воедно, на 15 мај (сабота) предвидено е да пристигнат 100.000 вакцини од „Синофарм“, кои земјава ги доби како донација од кинеската армија.

Министерот најави дека најверојатно пунктот за вакцинација во Струмица ќе почне да функционира до крајот на неделава, додека во Прилеп и Велес пунктовите за вакцинација ќе профункционираат најверојатно следната недела.

Во однос на граѓаните кои примија една доза вакцина во Србија, Филипче појасни дека сите вакцинирани лица со вакцините на „Фајзер“ или „Синофарм“ може да се ревакцинираат во земјава.

„До крајот на оваа недела, ќе има посебен дел на сајтот vakcinacija.mk, а во меѓувреме може да се пријават преку матичните лекари и ќе добијат термин за вакцина“, изјави Филипче.

Во одговор на новинарски прашања, Филипче појасни дека лицата кои примиле две дози на вакцини треба да продолжат да ги почитуваат препораките за носење заштитни маски. Ова било констатирано утрово на состанокот на Комисијата за заразни болести, на кој се разговарало на темава. Филипче посочи дека поради топлото време, викендов можело да се види дека огромен број граѓани веќе не носат маски.

Заклучокот е да се почека барем уште една или две недели пред да се даде препорака граѓаните да не ја носат заштитната маска додека се сами на отворено. Исто така, тој дополни дека е рано да се даде општа препорака заштитните маски да не се носат на отворено.

Филипче појасни дека доколку пациент е вакциниран со две дози на вакцина против ковид-19, тогаш тој треба да биде примен во болничките установи без да му се прави ПЦР тест, но ќе му треба потврдата за вакцинација.

Во однос на епидемиолошката ситуација и состојбата во болниците каде се сместени ковид пациенти, Филипче рече дека значајно се испразнети болничките капацитети. Хируршките одделенија се вратени во функција, заедно со Заводот за рехабилитација во Козле и во текот на неделава ќе се прави прераспределба и на Детската болница во Козле и на дел од одделенијата во зградата за интерни болести, односно одделението за оторинораларингологија, офталмологија и ќе се вратат во нивната првобитна функција. И болниците низ државата, останатите одделенија кои беа распределени за прием на ковид пациенти, се враќаат во нормална работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...