fbpx

Од денеска започнува вакцинацијата со „АстраЗенека“ за граѓани над 77 години, оние под 60 години ќе бидат изземени

-

Денеска започнува вакцинацијата на граѓани над 77-годишна возраст со вакцината на „АстраЗенека“. Од предвидени 20.000 вакцини, до сега се закажани 5.976 термини за вакцинација.

Од Министерство за здравство информираа дека до крајот на оваа и за следната недела, на територија на цела држава пуштени се 9.577 термини. Денеска ќе стартува вакцинацијата во Скопје, односно во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир и Букурешт, во Здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци.

Од петок ќе започне вакцинацијата во Тетово, Струга, Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод.

Вакциналните пунктови низ државата ќе работат во две смени, ќе бидат отворени од 8 до 20 часот, од понеделник до петок. Матичниот лекар не секој граѓанин кога му закажува тремин за вакцинација должен е да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа каде се спроведува вакцинација против ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека вакцината на „АстраЗенека“ нема да се дава на лица помлади од 60 години и ќе ги следи примерите на Канада и на Германија.

„Вечерва по двата извештаи на Канада и на Германија донесовме одлука дека ќе ги следиме нивните препораки и нема да вакцинираме со „АстраЗенека“ лица кои се помлади од 60 години. Ние, секако, утре почнуваме со вакцинација на повозрасни граѓани, на возраст над 77 години“, изјави вчера вечер Филипче.

Оттука, останува неизвесно дали ќе започне вакцинацијата на припадници на МВР, АРМ, новинари, возачи на ЈСП, обвинители, воспитувачи, бидејќи од 24.000 пристигнати вакцини од „АстраЗенека“, 4.000 беа наменети за нив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...