fbpx
Таг: Украина Русија

таг: Украина Русија

Се множат ветата во ЕУ: Орбан ќе ја блокира Украина во пристапните преговори?

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на ден пред почетокот на Самитот на лидерите на земјите-членки на ЕУ уште еднаш го повтори својот став Унгарија ќе го блокира почетокот на преговорите за зачленување во ЕУ на Украина, пренесува Гардијан. „Европската Унија се подготвува да направи ужасна грешка, и тие треба да бидат спречени во тоа - дури и ако 26 сакаат да...

Украина не испраќа бремени жени да се борат со Русите

Не постојат релевантни докази кои ја поткрепуваат автентичноста на видеото. Според Центарот за стратешка комуникација основан под Министерството за култура и информативна политика на Украина за борба против дезинформации, видеото е лажно и инсценирано. Она што е факт е дека Украина не испраќа бремени жени на првата линија да се борат со Русите. Бремените жени и жените на породилно...

Интензивни борби во Авдиивка во Украина, украинските сили возвраќаат на руските напади

Ситуацијата во областа Авдиивка во украинскиот регион Донецк и во текот на изминатото деноноќие била тешка, со голем број руски офанзивни дејствија, на коишто сепак украинските одбранбени сили ефикасно реагирале, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Руската офанзива почна пред два дена, со поддршка од оклопни возила кај Авдиивка и Маринка. Се вршеле и се вршат и воздушни напади, како...

Повредени четири лица во руски напад врз Кијив, Зеленски денеска во Вашингтон

Володимир Зеленски
Четири лица се повредени од паднати остатоци откако украинската противвоздушна одбрана собори осум балистички ракети насочени кон Кијив во раните утрински часови, соопштија официјални лица по последниот руски напад врз украинскиот главен град, пренесе Гардијан. Четири лица добиле медицинска помош во областа Дарницки во југоисточниот дел на Кијив, изјави на Телеграм градоначалникот Виталиј Кличко. Службите за итни случаи испратени во...

Повторно директни судири во Украина, убиени се цивили во руски напади

Во големиот број руски напади во текот на вчерашниот ден, има убиени цивили, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Во дури 71 артилериски напад извршен во регионот Херсон во текот на вчерашниот ден, животот го загубило едно лице, а четири други се повредени, соопшти гувернерот на Херсон, Олександр Прокудин. Слични напади со артилерија и ракети се извршени и во Никопол, но...

Во окупираниот Луганск нема да има медицинска помош за Украинците што немаат руски пасош

Жителите на окупираните области на регионот Луганск нема да имаат право на медицински услуги доколку немаат руски пасош за потврда на нивниот идентитет. Како што јавува Украинформ, новината ќе стапи на сила од идниот месец. „Од 1 јануари, непријателот ќе престане да дава медицински услуги за Украинците кои не се согласија да добијат руски пасоши. Тие решија да ја тестираат...

ЕУ ќе ги повика земјите од Западен Балкан да воведат санкции на Русија

На заедничкиот самит што ќе се одржи следната недела, Европската унија (ЕУ) јасно ќе побара од земјите од Западен Балкан целосно да се усогласат со политиката на санкции на ЕУ против Русија, пишува Радио Слободна Европа на македонски јазик. На крајот од самитот меѓу ЕУ и земјите од Западен балкан ќе треба да се усвои нацрт-декларацијата до која увид имала...

Украина изминативе месеци со помала помош за справување со руската агресија

Воената и финансиската помош за Украина за справување со руската агресија во изминативе месеци значително е намалена, соопшти килскиот Институт за светска економија, пренесува германската новинска агенција ДПА.  Официјален Кијив од август до октомври годинава добил помош во висина од 2,11 милијарди евра, што е нешто повеќе од десетина во споредба со истиот период од минатата година и е најмала...

Републиканците во Сенатот ја блокираа помошта за Украина и Израел

Републиканските членови во американскиот Сенат го блокираа потегот за усвојување на нацрт-законот за помош на Украина, откако не успеаја да обезбедат компромиси за зголемување на контролата над јужната граница на САД што ги бараа во замена. Пакетот од 110 милијарди долари вклучуваше 61 милијарди за Украина, како и средства за Израел и помош за Газа, пренесува Би-би-си. Белата куќа предупреди дека...

Зеленски го откажа брифингот во американскиот Сенат поради финансиската помош

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го откажа брифингот со пратениците од американскиот Сенат поради ќорсокакот околу идната финансиска помош на САД за Украина, пишува Би-би-си. Виртуелните настапи во американскиот Сенат и Претставничкиот дом беа закажани за вторникот, но беа откажани во последен момент. Тоа дојде откако висок украински функционер предупреди дека се во опасност да ја изгубат војната против Русија доколку не...

Орбан со вето за преговорите со ЕУ за Украина, повици за санкции за Унгарија

Европската комисија добива предупредувања да не се обидува „да го смири“ унгарскиот премиер Виктор Орбан, „одмрзнувајќи“ милијарди евра наменети за Будимпешта, откако тој се закани дека ќе ги блокира плановите на ЕУ за отворање пристапните преговори со Украина и за нова парична помош за Кијив, пишува британски „Гардијан“. Потезите на унгарската влада во последните години за подривање на независните институции,...

Бугарскиот претседател Радев стави вето на испораката на бугарски транспортери на Украина

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска стави вето на испораката на бугарски оклопни транспортери како воена помош од Бугарија за Украина, пренесува Медиапул.бг. Со ветото, претседателот Радев го врати законот на нова расправа во бугарското собрание, така што пратениците ќе треба повторно да гласаат за испраќање на 100 парчиња оружје, вклучувајќи оклопни транспортери наменети за украинската војска. Медиапул.бг пишува дека Радев...

Загинати цивили во Украина, руските сили извршиле најмалку 250 артилериски и ракетни напади

Најмалку 117 артилериски напади се извршени вчера од руските сили во регионот Херсон во Украина, при што двајца цивили биле убиени а осуммина се ранети. Во регионот Харкив во слични воени дејствија врз цивилни цели, односно врз 15 населени места, е дејствувано со оружје на земја и од воздух, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Цел на руски артилериски напад...

Русија ја нападна Украина со 12 „Шахед“ дронови, 10 се уништени

Во ноќта помеѓу 2 и 3 декември, руските вооружение сили ја нападнаа Украина со 12 беспилотни летала марка „Шахед“ ор иранско производство лансирани од руската Приморско-Ахтарска област и наведувана ракета Кх-59 лансирана од руската Белгородска област, јавува Укринформ. Во текот на ноќта, украинските сили за воздушна одбрана пресретнале 10 од 12 беспилотни летала камикази. Ова го соопшти украинскиот Генералштаб во утринската...

Путин го зголеми бројот на војници во армијата за 15 отсто поради „зголемени закани“ поврзани со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се одобрува зголемување на бројот на војници во руската армија за 15 отсто, што го објасни со „зголемените закани“ поврзани со конфликтот во Украина, пренесуваат странските агенции. Според уредбата што ја објави владата, Армијата треба да брои 2,2 милиони припадници, од кои 1,32 милиони војници. Во претходната уредба од август 2022 година, очекуваниот...

Османи: Русија со видливи чекори го дестабилизира Западниот Балкан

Актуелниот претседавач на ОБСЕ и министер за надворешни работи на С.Македонија Бујар Османи денеска изјави дека Руската Федерација претставува фактор на дестабилизација во регионот на Западен Балкан. За разлика од поддршката на САД и ЕУ за С.Македонија и целиот регион, Русија не ја игра идентичната улога во Западниот Балкан. Руската Федерација е таа која преку латентни и видливи чекори, преку...

Зеленски најави нова фаза во војната со Русија

Војната со Русија е во нова фаза. Самата зима е нова фаза на војната, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за новинската агенција Асошиејтид Прес. Тој очекува зимските услови да го комплицираат војувањето, по летната контраофанзива што не го постигна посакуваниот резултат, поради недостигот на оружја и војници. Сепак, вели Зеленски, Украина нема да се предаде. Прашан дали е задоволен...

Лавров направи театар во Скопје: Наместо одговори, се расправаше со новинари

Русија од пресот на Сергеј Лавров денеска направи пропаганден театар во срцето на Скопје, a со цел да го засени последниот ден и заклучоците од Министерскиот совет на ОБСЕ. Уште пред да заврши прес-конференцијата на нивниот министер за надворешни работи, Руската амбасада во Скопје објави пост на Фејсбук со кој го портретира Лавров дека не бил изолиран на Министерскиот...

Украинскиот амбасадор во ОБСЕ: Не можеме да градиме иднина на ОБСЕ со земја-киднапер на нашата иднина

Симболично, покажувајќи пет зрна изгорени од Русија со ирански дрон, Евгениј Цимбаљук во обраќањето на Министерскиот совет во Скопје, рече дека Русија досега има уништено стотици илјади тони житарки, со што, како што нагласи, остави многу семејства низ целиот свет без храна. Тој во своето обраќање изрази благодарност до сите земји за поддршката на Украина во борбата за слобода против...

Бербок од Скопје го повика Путин да ја прекине војната во Украина

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок побара од рускиот претседател Владимир Путин веднаш да ја прекине агресијата врз Украина, јавува германската новинска агенција ДПА.  „Сопрете го неописивото страдање кое го донесовте на милиони луѓе“, инсистираше денеска Бербок на Министерскиот совет на ОБСЕ што се одржува во Скопје. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не беше во салата додека Бербок...

Герила акција: Макета на јавен тоалет во Градскиот парк

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје, денеска го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, а кое е дел од проект...