fbpx

Путин го зголеми бројот на војници во армијата за 15 отсто поради „зголемени закани“ поврзани со Украина

Зголемувањето на бројот на припадниците на вооружените сили е резултат на зголемувањето на заканите насочени кон нашата земја и поврзани со спроведувањето на специјална воена операција (во Украина) и продолжувањето на проширувањето на НАТО“, соопшти Министерството, соопшти Министерството за одбрана

-

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се одобрува зголемување на бројот на војници во руската армија за 15 отсто, што го објасни со „зголемените закани“ поврзани со конфликтот во Украина, пренесуваат странските агенции.

Според уредбата што ја објави владата, Армијата треба да брои 2,2 милиони припадници, од кои 1,32 милиони војници.

Во претходната уредба од август 2022 година, очекуваниот број на воен персонал беше утврден на два милиони, од кои 1,15 милиони се војници.

Конкретно, ова претставува, без цивилниот персонал, зголемување за 169.372 војници, што е околу 15 отсто од сегашниот број на борбени сили.

Руското Министерство за одбрана издаде соопштение во кое го објаснува зголемувањето на бројот на војници во армијата.

„Зголемувањето на бројот на припадниците на вооружените сили е резултат на зголемувањето на заканите насочени кон нашата земја и поврзани со спроведувањето на специјална воена операција (во Украина) и продолжувањето на проширувањето на НАТО“, соопшти Министерството.

Министерството додаде дека „во тек е зголемување на здружените вооружени сили на Алијансата во близина на руските граници и распоредување на дополнителни средства за противвоздушна одбрана и оружје за напад“.

Руското Министерство исто така соопшти дека зголемувањето на бројот на војници ќе се спроведува етапно, врз основа на доброволно ангажирање и дека (воена) мобилизација не е предвидена.

Во септември 2022 година, поради тешкотиите на фронтот, Русија нареди воена мобилизација, што предизвика незадоволство во земјата, а стотици илјади млади луѓе ја напуштија земјата за да избегнат присилна мобилизација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...