fbpx

Зеленски најави нова фаза во војната со Русија

Зеленски очекува зимските услови да го комплицираат војувањето, по летната контраофанзива што не го постигна посакуваниот резултат, поради недостигот на оружја и војници. Сепак, вели Зеленски, Украина нема да се предаде

-

Војната со Русија е во нова фаза. Самата зима е нова фаза на војната, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за новинската агенција Асошиејтид Прес.

Тој очекува зимските услови да го комплицираат војувањето, по летната контраофанзива што не го постигна посакуваниот резултат, поради недостигот на оружја и војници. Сепак, вели Зеленски, Украина нема да се предаде.

Прашан дали е задоволен од постигнатото со контраофанзивата, тој дада комплексен одговор.

„Видете, ние не се повлекуваме, јас сум задоволен. Се бориме со втората најдобра армија на светот, јас сум задоволен“, вели тој, но набргу продолжува со негативната страна.

„Губиме луѓе, не сум задоволен. Не ги добивме сите оружја што ги сакавме, не можам да бидам задоволен со тоа, но исто така не може премногу да приговарам“, вели Зеленски.

Со настапувањето на зимата во Украина, воените водачи мора да се соочат со старо-новите предизвици, додека војната се приближува кон двегодишнината: Смрзнувачки температури и голи полиња во коишто војници нема каде да се скријат. Истовремено, зголемена е опасноста од засилување на руските воздушни напади врз градови, при што главната цел се инфраструктурата и цивилите.

Во последното деноноќие, на фронтот во Украина имало 82 оружени судири, при што руските сили истрелале една ракета и извршиле 71 воздушен напад, како и 80 ракети од повеќецевни ракетни лансери врз позициите на украинските одбранбени сили и врз населени места, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Во нападите има повредени цивили, оштетувања на приватни куќи и цивилна инфраструктура.

Цел на овие напади биле населени места во регионите Харкив, Донецк и Херсон.

Истовремено, со артилериски оган биле нападнати над 130 населени места во регионите Суми, Харкив, Луханск, Донецк, Запорижја, Днипро, Херсон и Миколаив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...