fbpx

Зеќири осуден на две и пол години затвор, треба да врати 1,1 милиони евра

Во казната за Зеќири му се пресметува и времето поминато во притвор, што значи дека нему му остануваат уште 11 месеци до завршувањето на затворската казна

-

Поранешниот генерален секретар на Владата, Муахамед Зеќири е осуден на две и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување. Toj треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет.

Во казната за Зеќири му се пресметува и времето поминато во притвор, што значи дека нему му остануваат уште 11 месеци до завршувањето на затворската казна.

Тој ќе треба да ги плати и судските трошоци.

Пресудата не е правосилна и страните во постапката имаат право на жалба пред Апелацискиот суд.

Фото: Порталб.мк

Застапникот на обвинението, обвинителката Катерина Коларевиќ во завршните зборови рече дека осомничениот Мухамед Зеќири без да спроведе јавна набавка, директно склучувал договори со правни лица кои работеле под сомнителни околности.

Процесот, како што образложи, почнал кога на предлог на вицепремиерот Фатмир Битиќи, Владата заклучила дека е потребно да се спроведе постапка за да се направи физибилити студија во врска со македонски пошти и Железници Транспорт, а задолжен за постапката бил Мухамед Зеќири во улога на генерален секретар.

„Наместо обвинетиот да спроведе постапка за јавна набавка, тој склучил директно договор со правното лице друштво за менаџмент, консултантски услуги и трговија „Интерхолдинг дуо“, кое било основана само 12 дена пред донесувањето на конкретниот заклучок на Владата. Од сите докази очигледно е дека од постоењето на правното лице обавува само една единствена соработка со секретаријатот на Владата, седиштето на правното лице на ден 13 април 2022 година е најдено заклучено, ниту биле најдени вработени лица. Произлегува дека правното лице единствено било основано заради извршување на договорот склучен со секретаријатот на Владата“, истакна обвинителката.

Обвинителката му предложи на судот да спроведе постапка за конфискација на имотот, но и на парични средства пронајдени во сефот кај сопругата на осомничениот, со образложение дека тие претставуваат парични средства на обвинетиот.

Одбраната посочи дека Јавното обвинителство не доставило доволно докази за да докаже дека осомничениот со директна умисла ги правел активностите, а во текот на постапката се покажало дека Мухамед Зеќири само спроведувал постапки исклучиво по наредба на Владата, а врз основа на одлуки донесени од Владата. Во однос на предлогот на обвинителството за одземање на средствата на сопругата на осомничената, одбраната оцени дека тоа би било незаконски и нечовечки затоа што осомничениот доставил писмени докази за потеклото на тие средства.

„Зеќири писмено докажа од каде потекнуваат средствата на неговата сопруга и дека тие потекнуват од нејзините родители и се уредно пријавувани, барањето на обвинителството за запленување на овие средства е незаконски, но и нечовечки, поради состојбата во која се наоѓа сведокот“, посочи Владмир Андреевски.

Судот одлучи дека конфискација нема да има, бидејќи станот е купен пред извршувањето на кривичното дело, а за средствата на неговата сопруга не е докажано дека се поврзани со кривичното дело.

Зеќири пред една недела со емотивен настап пред судот побара ослободителна пресуда, поради голем број лични причини.

Зеќири со емотивен настап пред судот побара ослободителна пресуда

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...