fbpx
Таг: УКИМ

таг: УКИМ

Денеска и утре уписи на нови студенти на УКИМ

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска и утре ги врши уписите на кандидатите кои конкурираат за првиот циклус на студии единствено според успехот постигнат во средно образование. За матурантите кои се рангираат според оценките од средно школо и рангирањата на приемните испити, пријавувањето на кандидатите заврши на 26 и 27 август. Дел од факултетите на УКИМ, како што е Архитектонскиот...

Универзитетите сѐ уште не знаат колкава школарина ќе плаќаат студентите со самохрани родители

Студентите со самохрани родители сè уште не знаат дали ќе треба да плаќаат целосна школарина во претстојната учебна година. Конкретен одговор за ова прашање нема ниту од државните универзитети. Ова се само дел од анонимните коментари и искуства на студентите од оваа категорија: „Кога започнав со факултет бев дете на самохран родител и плаќав целосна партиципација во приватна квота. Пред една...

Од октомври комбинирана настава на факултетите на УКИМ

Зимскиот семестар во академската 2021/22 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе започне со комбиниран пристап од онлајн настава и настава со физичко присуство, соопшти Универзитетското студентско собрание. Неколку минути откако извести дека наставата ќе се одвива онлајн, поради лавината реакции од студентите, Универзитетското собрание ја промени одлуката и упати ново известување. Во соопштението до студентите се  додава...

По реакциите во јавноста, студентите со самохрани родители повторно ќе плаќаат пониска партиципација на сите факултети на УКИМ

По реакциите на граѓанската организација „Младите на Една Може“ (One Can - Youth) и објавата дека студентите од еднородителски и самохрани семејства се изоставени како категорија при упис на дел од факултетите, од Универзитетското студентско собрание на УКИМ соопштија дека студентите од оваа група повторно ќе ги имаат поволностите на намалување на партиципацијата и школарината. Од таму велат дека надлежните...

Студентите од самохрани и еднородителски семејства изоставени како категорија при упис на дел од факултетите

Студентите од самохрани и еднородителски семејства се изоставени од сегментот на специјални околности при упис на некои факултети на дел од македонските универзитети, со што им е одземена можноста да плаќаат пониска партиципација.  Ова го утврдиле од „Младите на Една може“ (One Can - Youth), за што реагираа на социјалните мрежи. Од таму забележуваат дека при упис на универзитетите во...

УКИМ на 18 и 19 август ќе организира „Отворен ден“

Филозофски факултет
Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на 18 и 19 август организира „Отворен ден на УКИМ“. Настанот ќе се одржи онлајн преку платформата „мајкрософт тимс“. Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера. „Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сѐ што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните...

Универзитетите задоволни од оваа aкадемска година, успехот на следната ќе зависи од имунизацијата на студентите и професорите

Учење од далечина
Првиот академски час на државните универзитети минатиот октомври започна во неизвесност, но академската 2020/2021 година на крај заврши успешно. За првпат во историјата на македонските универзитети поголем дел од академскиот кадар и студентите една цела академска година поминаа дома, одржувајќи ги предавањата и испитите преку средства за далечинско учење. Новите корона услови ја ставија на тест подготвеноста на образовниот систем...

Младите најмногу сакаат да студираат за информатичари и лекари, најмалку за уметници [инфографик]

Бројот на лицата кои се запишуваат на факултетите и на високите стручни школи во државата се намалува, а младите најмногу сакаат да учат за електроничари, информатичари и математичари, најмалку за уметници. Тоа го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Притоа, факултетите за информатика, медицински и економски науки привлекуваат најголем број на студенти на првиот циклус на студии. Според...

Традиционална модна ревија на ТМФ – „Иднината е одржлива“, порачаа студентите (ГАЛЕРИЈА)

Модна ревија ТМФ
Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ ја одржа традиционалната, дваесет и прва по ред, модна ревија на студентите на студиската програма дизајн и инженеринг на облека. Годинава, поради ситуацијата со пандемијата, ревијата се одржа во видео-форма под мотото „Иднината е одржлива“. Студентите под раководство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева ја интерпретираа оваа тема со нивните креации изработени од материјали кои...

Студенти по архитектура ќе го дизајнираат идниот Студентски културен центар во Скопје

Студентите на Архитектонскиот факултет се поканети на учество на Конкурсот за изработка на идејно архитектонско решение и ентериерно уредување на идниот Студентски културен центар за студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Локацијата на центарот е замислено да биде во Палатата Кузман во центарот на Скопје. Право на учество на Конкурсот имаат студентите на Универзитетот Св. Кирил и...

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ слободни 10.678 места за упис на факултетите

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го објави Конкурсот за упис на факултетите во учебната 2021/2022 година. На факултетите на УКИМ во Скопје, во прва година на прв циклус студии, во учебната 2021/2022 година може да се запишат 10.678 студенти. Првиот рок за пријавување на кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование е 31 август и 1 септември 2021,...

„Без книга сите народи се голи“- честитка на Пендаровски, по повод Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, како и повеќе политички партии, министерства и институции, денеска упатија честитки по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј и положија цвеќе на нивниот споменик пред Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. „Свети Кирил вели дека: „без книга сите народи се голи“...

УКИМ „падна“ за 27 места на листата на најдобри универзитети во светот

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се најде на 1.944 место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за академската 2021/2022 година, која ја издава Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR). И годинава УКИМ е единствениот македонски универзитет на листата, со вкупно 65,9 бодови од можни 100. Сепак, најголемиот универзитет во државата бележи пад од 27 места во однос...

Култура на универзитетите! – утре почнува „Студентска музичка пролет“

Студентска музичка пролет
Утре почнува годинешното, четврто издание на „Студентска музичка пролет“ – настан кој изминативе години значително придонесува за збогатување на културниот живот на студентите преку организирање на настани од културата на самите универзитети. Поради ситуацијата, манифестацијата годинава ќе биде со скратена програма, без концерти и рецитали, но тоа нема да го намали квалитетот на содржините, велат организаторите. „Студентска музичка пролет“ е интердисциплинарен...

Единствен трошовник за сите студенти, ревизија на системот на стипендирање и формирање кариерен и културен центар, најавува новиот студентски лидер на УКИМ

Ева Цветковска
Студентката Ева Цветковска од Правниот факултет е новиот лидер на студентите на првиот универзитет во државата. Делегатите на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во четвртокот ја изгласале Цветковска за претседателка на Собранието. Таа била единствената кандидатка што се пријавила за оваа позиција, а доаѓа на местото на досегашниот и прв претседател на УСС, Борјан Ефтимов. Цветковска вели...

Денеска се одржа тркалезна маса „Блаже Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти“

За делото на Блаже Конески пишувано е многу пати, разгледувано е од многу аспекти, но сепак и децении подоцна тоа останува актуелно. За тоа најдобра потврда е географијата на денешниот настан, но исто така потврда е и задоволството за прифаќањето на поканата на сите поканети за учество на откривањето на уште еден сегмет од делото на Конески. Со овие...

На УКИМ и УКЛО се пријавуваат повреди на студентските права, другите универзитети немаат правобранители

универзитети студенти
Недостапни професори, ненавремено закажување на испити, скратени рокови за сесии и бавни процеси на издавање документи од студентските служби – ова се проблемите што студентите ги пријавувале кај студентските правобранители на дел од државните универзитети во Македонија. Според Законот за високо образование, заради заштита на правата на студентите, на секој универзитет се избира студентски правобранител. Тој делува на ниво на...

Студентските правобранители апелираат студентите да се охрабрат и да го пријават сексуалното вознемирување на универзитетите

Во март минатата година, со изречени пресуди заврши корупциската афера „Еразмус“ од Економскиот факултет, каде тројца професори и еден демонстратор беа обвинети за примање мито или барање сексуални услуги од студентки за да добијат преодни оцени. Професорите Ристевски, Јанев и Шуклев добија затворски казни до две и пол години, а демонстраторот Денковски заработи условна казна од две години. Речиси една...

Економскиот факултет не пријавил во Агенцијата за заштита на личните податоци дека протекоа мејл адресите на 300 студенти

Економскиот факултет при УКИМ не доставил известување до Агенцијата за заштита на личните податоци за случајот со погрешниот мејл кој беше испратен до повеќе од триста студенти и во кој беа откриени нивните лични електронски адреси. Од Агенцијата за заштита на личните податоци за „Мета“ изјавија дека согласно член 37 став (1) од Законот за заштита на личните податоци, во...

Лажен мејл повика на собир 300 студенти на Економскиот факултет

Студентите од прва година на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ завчера во текот на ноќта на своите мејл адреси добија необична порака во која беа замолени следниот ден да отидат во салата за состаноци на факултетот. Станува збор за мејл испратен до повеќе од 300 бруцоши, студенти кои студираат на различни насоки и оддели на Економскиот...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...