УКИМ на 18 и 19 август ќе организира „Отворен ден“

Филозофски факултет
фото: Филозофски факултет / fzf.ukim.edu.mk

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на 18 и 19 август организира „Отворен ден на УКИМ“. Настанот ќе се одржи онлајн преку платформата „мајкрософт тимс“.

Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.

„Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сѐ што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности,“ велат од УКИМ.