fbpx

„Без книга сите народи се голи“- честитка на Пендаровски, по повод Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј

-

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, како и повеќе политички партии, министерства и институции, денеска упатија честитки по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј и положија цвеќе на нивниот споменик пред Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Свети Кирил вели дека: „без книга сите народи се голи“ и подложни на асимилација и исчезнување. Создавајќи ја првата пишана словенска азбука – глаголицата и преведувајќи го Светото писмо и другите црковни и световни текстови на старословенски јазик, светите браќа Кирил и Методиј отворија нови просветни, духовни и културни видици за словенските народи во Европа. Со тоај на словенските народи им го дадоа клучот за самоидентификација и самоопределување низ вековите“, стои во честитката на Пендаровски. Се додава дека, македонскиот јазик, како и секој друг словенски јазик, е гранка од стеблото засадено од Св. Кирил и Методиј и нивните ученици, меѓу кои и Св. Климент и Св. Наум Охридски.

Делегација од Кабинетот на Пендаровски, како и владина делегација, по повод 24 Мај, денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во универзитетскиот кампус „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во владината делегација беа министерот за надворешни работи Бујар Османи, за здравство Венко Филипче, за образование и наука Мила Царовска и Ирена Стефоска, министерката за култура.

Талат Џафери во својата честитка посочи дека, работата и делата на светите браќа Кирил и Методиј се придонес од огромно значење за светската наука и култура. „Писменоста, јазикот, знаењето, науката и вредноста на зборот се работи кои се од непроценлива вредност, како за еден народ така и за секоја индивидуа. Нивното наследство не се само нивните дела и работа туку и воспоставените вредностите според кои живееле и кои ги оставиле“, пишува во честитката на Џафери.

Премиерот Заев упати честитката и до МПЦ ОА, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски господин господин Стефан, до Синодот, свештенството и монаштвото, како и до сите православни верници.

„На членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во нашата земја Ви го честитам големиот празник денот на Светите рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски. На Денот на сесловенските просветители го одбележуваме епохалното дело на светите браќа Кирил и Методиј, благодарение на кое македонскиот народ, но и останатите словенски народи самоуверено зачекорија на светската цивилизациска сцена“, се вели во неговата честитка.

Тој упати и писмо со честитки до ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, кој е воедно и патронен празник на овој наш прв државен Универзитет.

„На деканите, продеканите, професорите, сенаторите и на сите студенти им го честитам Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патрониот празник на УКИМ. Историјата на Универзитетот е нераскинлив дел од историјата на Северна Македонија, кој изминатите 72 години како првиот државен универзитет во нашата земја, ја исполнува својата мисија на еден од столбовите на нашата државност“, стои во честитката, во која се додава дека Владата ќе остане посветена на активната поддршка на развојот на универзитетската и на образовната дејност.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, исто така, упати во јавноста честитка по повод денешниот празник, во која вели дека ликот и делото на светите браќа Кирил и Методиј е рамно на апостолско, тие се прогласени за заштитници на Европа, бидејќи со својата просветителска дејност и создавањето на глаголицата поттикнаа епохален цивилизациски процес.

„Ние сме особено горди, што токму оваа искра на прво словенско писмо и просветителство почнува тука од Македонија. Говорот на Словените од Македонија беше темелот на кој се градеше целата словенска писменост која потоа преку Моравската Мисија ја раширија ширум Словените во Европа. Затоа не е нескромно да се каже дека таа искра од Македонија го запали просветителскиот факел кој се прошири низ Европа“, посочува Мицкоски во честитката и додава дека, многу народи се благодарни на делото на Кирил и Методиј, а ние мора да бидеме горди чувари на нивниот завет.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...