fbpx
Таг: УБК

таг: УБК

Британски експерти ќе помагаат со реформите во УБК

Експерти од Велика Британија ќе ѝ помагаат на македонската тајна полиција да ги спроведе потребните реформи за модернизација, транспарентност, надзор, законитост и за почитување на демократските вредности и принципи. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР), Обединетото Кралство работи со Република Македонија во поддршка на реформите во разузнавачките агенции, како дел од пошироката помош на меѓународната заедница за...

Комисијата за надзор на работата на УБК и на АР во работна посета на институциите

Претставниците на Собраниската комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање денеска во просториите на УБК одржаа работна средба, на која од страна на Управата беше презентирана актуелната безбедносна состојба во Македонија од аспект на екстремизам, тероризам, илегална миграција и бегалската криза. Како што соопштија од МВР, на состанокот се разговарало и...

МВР: Директорот на БЈБ ќе се сретне со албанскиот директор на полицијата

Директорот на Бирото за јавна безбедност на Република Mакедонија, Горанче Савовски, утре во Валона, Република Албанија, ќе оствари билатерална средба со Хаки Чако, директор на албанската полиција. Средбата ќе се реализира на покана на албанската страна и претставува продолжение на досегашните многубројни реализирани билатерални средби на сите нивоа помеѓу двете земји. „На средбата на директорите ќе стане збор за унапредување и...

Груевски: Мијалков не е привилегиран

Координаторот на СДСМ, Горан Сугарески, на денешната седница за поставување пратенички прашања, го праша премиерот Никола Груевски како поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, успеал да го мине аеродромското обезбедување со пиштол во торбата. Премиерот Груевски на тоа рече дека тој не е надлежен за тоа што граѓаните пренесуваат во своите торби кога излегуваат од државата. - Институциите треба да си...

Локвенец: Во УБК има повеќе наредби за прислушување отколку што кажува Обвинителството

Бројот на издадените судски наредби, објавен од Јавното обвинителство во извештајот за примена на посебните истражни мерки во 2014 година, не соодветствува со бројот на судските наредби за 2014 година евидентирани во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), изјави на денешната прес-конференција пратеникот и претседател на собраниската комисија за надзор над работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање,...

Мијалков приведен, па пуштен на белградскиот аеродром, поради пиштол во куфер

Поранешниот директор на Упрaвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, бил приведен на аеродромот во Белград, откако веднаш по слетувањето во патна торба му бил најден пиштол. Настанот, за кој вчеравечер информираа српските медиуми, денеска за порталот „Прес 24“ го потврди и Мијалков. Тој, во изјава за порталот, вели дека при тргнување на пат зел торба која не ја проверил, па...

Собраниските комисии за надзор на тајните служби ги чекаат пратениците на СДСМ

Седницата на Комисијата за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и Агенцијата за разузнавање (АР) закажана за денеска, беше одложена бидејќи владејачкото мнозинство одлучило да ги почека пратениците од опозицијата да се вратат во Собранието на 1 септември. На денешната седница беше предвидено Комисијата да ги разгледа извештаите за работата на УБК и АР за 2014...

„Аналитика“: На тајните служби им требаат темелни реформи, а не козметика

Темелни реформи наместо козметички промени, зацврстување на механизмите за внатрешна контрола, објавување на догишните извештаи во скратена и некласифицирана верзија. Ова се само дел од препораките кои тинк-тенк организацијата „Аналитика“ ги даде за Агенцијата за разузнавање и Управата за безбедност и контраразузнавање, а ги објави порталот „Академик“. Препораките се врз основа на недостатоците во работењето на овие две агенции идентификувани во...

ДУИ ја напушти комисијата за надзор на УБК и на АР

Пратениците од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја напуштија седницата на Комисијата за надзор над работата на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР), бидејќи членот на комисијата од нивните редови, Зулфи Адили, нема добиено безбедносен сертификат. Пратениците на ДУИ најавија дека нема да учестуваат во работата на Комисијата додека Адили не добие...

Петковски: Комисијата за надзор на прислушувањето е фарса и театар

Активирањето на собраниската Комисија за надзор на следењето комуникации, па и на таа за контрола на работата на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР), за поранешниот пратеник и актуелен претседател на НСДП, Тито Петковски, е „обична фарса и театар со кој властите симулираат некаква реакција по забелешките од специјалниот извештај што за Европската...

Крај за неограниченото прислушување на УБК, бара Брисел

Европската комисија го поздрави исходот на денешната лидерска средба, на која шефовите на четирите најголеми партии во Македонија се обврзуваат да го почитуваат договорот од 2 јуни и да ги продолжат разговорите на 29 јуни за наоѓање решение за излез од политичката криза. Брисел, истовремено, го објави и експертскиот извештај на Рајнхард Прибе, кој му беше предаден на Фатмир Бесими...

Извештај на ЕУ: УБК била алфа и омега во државата

Експертскиот извештај на ЕУ нотира сериозни недостатоци во пет области: следење на комуникациите, судство и обвинителство, надворешниот надзор од независни тела, избори и медиуми, објави „А1 он“. Во извештајот пишува дека снимките од прислушуваните разговори, според содржината, упатуваат дека се направени во просториите на националната разузнавачка служба. „Содржината на многу од снимките упатува на индикации на незаконски активности и злоупотреба на...

Со УБК и со БЈБ ќе раководат добар фудбалер и верна сенка

Назначувањето на новите директорите на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Љупчо Андоновски, и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Горанче Савовски, иако можеби изгледаше малку изненадувачки, од аспект на кадровски решенија, бидејќи, многу малку или воопшто не ѝ се познати на јавноста, сепак, од разузнавачката заедница и од полицијата неофицијално велат дека нивниот избор си има своја логика, на...

Љупчо Андоновски и Горанчо Савески, нови директори на УБК и на БЈБ

Љупчо Андоновски го наследува досегашниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, а Горанчо Савески е нов директор на Бирото за јавна безбедност при МВР, на местото на Митко Чавков, кој стана министер за внатрешни работи, јавува „Телма“. Ова е одлуката на денешната седница на Владата на РМ. Изборот на нови директори е по оставките на Сашо Мијалков и на Гордана Јанкулоска.

Владата во вторник ќе ги именува новите директори на УБК и на БЈБ

Новите директори на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) ќе бидат познати во вторник, за кога е закажана редовна седница на Владата, потврди за „Мета“ владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев. На оваа седница треба да бидат именувани наследниците на Сашо Мијалков и на Митко Чавков, на овие две високи позиции во Министерството за внатрешни...

Денеска прва седница на Владата по оставките на Јанкулоска, Јанакиески и на Мијалков

Денеска ќе се одржи седница на Владата, прва по седницата пред десет дена (12 мај, вторник), кога беа верификувани оставките на министрите за внатрешни работи и за транспрот и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, и на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Информацијата за „Мета“ ја потврди портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев. Според наши информации, на денешната...

СДСМ: Кога ќе дојдеме на власт, ќе ја вратиме контролата врз УБК и МВР

„Она што се наши барања, како опозиција, ќе бидат наши решенија како власт“, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на прашање на „Мета“ за тоа како планираат да бидат поинакви и што ќе промени сегашната опозиција во делот на контролата на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) кога ќе дојде на власт. Вчера, лидерот на опозицијата, Зоран Заев,...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да одговори зошто донација се реализира преку приватна фирма

Мијалков, МВР и ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека постои милионски корупциски скандал поврзан со набавка на опрема за прислушување од Израел, во којшто се инволвирани првите луѓе во власта, Сашо Мијалков од позицијата директор на УБК и Никола Груевски од позиција на премиер, пишува СДСМ во соопштение. „Директорот на УБК. Сашо Мијалков, по сè што слушнавме од неговата уста и сè што...

МВР: Документите на Заев се лага, УБК никогаш не следела новинари незаконски

Министерството за внатрешни работи преку соопштение реагира на денешната прес-конфереција на лидерот на СДСМ, во кое се вели дека документите што денеска ги презентираше Заев, а се однесуваат на прислушувани и следени новинари, се најобична лага, а не документи на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК). „Министерството за внатрешни работи и УБК во време на сегашното раководство никогаш незаконски не следеле...

Заев: Спрегата УБК – медиуми била директна

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ја објави четвртата „бомба“, аудиоснимки од прислушувани разговори. Според него, овие разговори ја покажуваат директната спрега помеѓу УБК и медиуми. Заев рече дека биле прислушувани повеќе од 100 новинари и од провладините и од критичките медиуми, а особено биле следени новинари кои ги следеле настаните поврзани со случувањата на 24 декември 2012 година. На првата аудиоснимка што денеска ја...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...