fbpx

Владата во вторник ќе ги именува новите директори на УБК и на БЈБ

-

Новите директори на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) ќе бидат познати во вторник, за кога е закажана редовна седница на Владата, потврди за „Мета“ владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

На оваа седница треба да бидат именувани наследниците на Сашо Мијалков и на Митко Чавков, на овие две високи позиции во Министерството за внатрешни работи.

– Редовна седница на Владата ќе се одржи во вторник, на која, како дел од дневниот ред, ќе биде поставено и прашањето за именување директори на УБК и на БЈБ – ни изјави Ѓорѓиев.

Овие две високи позиции во МВР останаа празни откако Сашо Мијалков си поднесе оставка на местото директор на УБК, а досегашниот директор на БЈБ, Митко Чавков, беше именуван за министер за внатрешни работи, по оставката на Гордана Јанкулоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...