fbpx

„Аналитика“: На тајните служби им требаат темелни реформи, а не козметика

-

Темелни реформи наместо козметички промени, зацврстување на механизмите за внатрешна контрола, објавување на догишните извештаи во скратена и некласифицирана верзија. Ова се само дел од препораките кои тинк-тенк организацијата „Аналитика“ ги даде за Агенцијата за разузнавање и Управата за безбедност и контраразузнавање, а ги објави порталот „Академик“.

Препораките се врз основа на недостатоците во работењето на овие две агенции идентификувани во извештајот на Рајнхард Прибе.

Кои реформи треба да се направат: 

  • Здруженијата на граѓанското општество да се вклучат во развивањето на акциските планови.
  • Темелни реформи, наместо козметички промени.
  • Да се зацврстат механизмите за внатрешна контрола во службите.
  • УБК и останатите разузнавачки служби да подготват план за поголема транспарентност и комуникација со јавноста.
  • Годишните извештаи во скратена и некласифицирана верзија треба да бидат јавно објавени.

Што да се измени во Собранието:

  • Да се докомплетираат и двете надзорни комисии–за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање и за надзор над следењето на комуникациите.
  • Веднаш да се обезбеди соодветна експертска и техничка поддршка за пратениците за непречено спроведување на надзорот.
  • УБК и Агенцијата за разузнавање треба во најскоро време да ги поднесат извештаите за работа за 2014 год. и програмите за работа за 2015 год.
  • Директорите на двете служби треба да бидат присутни на седниците на комисиите за да ги образложат документите и да одговараат на прашањата од пратениците.
  • Да се постигне договор за реализација на теренските посети, како и можноста да се бараат конкретни извештаи или информации во текот на годината, воспоставувајќи јасни процедури и рокови.
  • Да се воведат квоти за минимален број на одржани седници, на пример најмалку еднаш месечно или квартално.
  • Раководителите на службите треба да доаѓаат на седници на комисиите.
  • Потребно е да се обезбедат посебни средства за засилување на капацитетите на двете надзорни комисии, особено во врска со дополнителна експертиза.
  • Со оглед на тоа што најголем дел од седниците на двете надзорни комисии се случуваат зад затворени врати, треба да се воспостави механизам за известување на јавноста.

Како да се вклучат другите институции: 

  • Независните надзорни институции како што е Народниот правобранител и Државниот завод за ревизија треба поактивно да ги користат своите овластувања во однос на безбедносниот сектор и да ја подобрат соработката со Собранието. Ако е потребно, нивните претставници да присуствуваат на седници на надзорните комисии.
  • Годишниот извештај на Јавниот обвинител содржи вредни информации за примената на посебните истражни мерки. И двете надзорни комисии треба да расправаат за ваквите извештаи, а Јавниот обвинител на РМ треба да присуствува на овие седници и да одговара на прашањата на пратениците.
  • Статистичките податоци за употреба на посебни истражни мерки треба да бидат јавно достапни информации и редовно ажурирани.
  • Царинската управа и Управата за финансиска полиција треба да се доекипираат и да се стекнат со потребниот капацитет за следење на комуникации.
  • Да се разгледа можноста за поднесување годишни извештаи за примена на ПИМ следење на комуникациите до соодветната надзорна комисија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...