fbpx

МВР: Директорот на БЈБ ќе се сретне со албанскиот директор на полицијата

-

Директорот на Бирото за јавна безбедност на Република Mакедонија, Горанче Савовски, утре во Валона, Република Албанија, ќе оствари билатерална средба со Хаки Чако, директор на албанската полиција.

Средбата ќе се реализира на покана на албанската страна и претставува продолжение на досегашните многубројни реализирани билатерални средби на сите нивоа помеѓу двете земји.

„На средбата на директорите ќе стане збор за унапредување и за продлабочување на билатералната и на оперативната меѓународна соработка на МВР на Македонија со МВР на Албанија, изразена, меѓу другото, преку заложбите за подобрување на добрососедските односи и за развивање на регионалната соработка, особено на полето на прекуграничната соработка, како и успешно спроведување на имплементациските протоколи на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ, но и заедничкото учество во регионалните иницијативи.  Ќе се разговара и за формирање заеднички истражни тимови, размена на информации за лица вклучени во организиран криминал, сознанија за врските помеѓу осомничените лица во врска со вршење кривични дела, особено недозволена трговија со дрога и со оружје, културно наследство, насилен криминал и криумчарење, методите и новите форми на прекуграничниот криминал, рутите на транспорт и сл“, стои во соопштението од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...