fbpx

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да одговори зошто донација се реализира преку приватна фирма

-

Мијалков, МВР и ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека постои милионски корупциски скандал поврзан со набавка на опрема за прислушување од Израел, во којшто се инволвирани првите луѓе во власта, Сашо Мијалков од позицијата директор на УБК и Никола Груевски од позиција на премиер, пишува СДСМ во соопштение.

„Директорот на УБК. Сашо Мијалков, по сè што слушнавме од неговата уста и сè што видовме во СМС-пораките, за легнати 540.000 евра, за испорачани 840.000 евра, за суми од трипати по 900.000 евра, замислете, се оправдува само за првата сума и тврди дека тоа било донација од пријателски служби? За таа донација од пријателските служби, што во разговорите помеѓу Мијалков и неговата соработничка во УБК и судијка, Светлана Костова, е јасно изговорена како провизија, МВР не само што признава дека се случила, туку и признаваат дека криеле зашто донацијата била државна тајна“, пишува во нивното соопштение.

СДСМ бара Мијалков и Груевски да објаснат каква е таа наводна донација што се реализира преку приватна фирма во Македонија и зошто се уплаќани на сметки во странски банки, како примерот со банката во Будимпешта?

Исто така, СДСМ прашува каква е таа странска донација во која се договара давање пари во кеш?

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...