fbpx

Британски експерти ќе помагаат со реформите во УБК

-

Експерти од Велика Британија ќе ѝ помагаат на македонската тајна полиција да ги спроведе потребните реформи за модернизација, транспарентност, надзор, законитост и за почитување на демократските вредности и принципи.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР), Обединетото Кралство работи со Република Македонија во поддршка на реформите во разузнавачките агенции, како дел од пошироката помош на меѓународната заедница за реформа на безбедносниот сектор.

„Како дел од оваа поддршка, во средината на февруари во Охрид се одржа работилница со претставници на Управата за безбедност и контраразузнавање и Обединетото Кралство. Работилницата беше советодавна, а со поддршка и со екпертиза се работеше во правец на изнаоѓање решенија за модернизација, транспарентност, надзор, законитост и за почитување на демократските вредности и принципи. Потребата од реформи во безбедносниот сектор е неопходна за да се зголемат ефикасноста и ефективноста кои би биле во функција на заштита на граѓаните и на владеење на правото како основен принцип на демократската власт. Со обезбедување на потребната поддршка, се надеваме дека Управата за безбедност и контраразузнавање на Република Македонија ќе се унапреди во модерна и респектибилна служба, подготвена да се справи со новите безбедносни предизвици“, стои во соопштението на МВР.

Оттаму посочуваат дека соработката меѓу Велика Британија и Македонија во безбедносниот сектор трае две децении, а во неа се опфатени полицијата, разузнавачкиот и одбранбениот сектор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...