fbpx
Таг: теории на заговор

таг: теории на заговор

Научничката Гудал не изјавила дека ѝ пречат 90 проценти од светското население

Во постот е изваден од контекст фрагмент од говорот на научничката Џејн Гудал на Светскиот економски форум во Давос во 2020 година. Гудал говори на панел дискусија за иднината на амазонските шуми. Фокусот на нејзината дискусија е на заштитата на шумите и на локалното население, а растот на популацијата само накусо е споменат. Никаде во нејзиниот говор не се...

Нема докази за поврзаност меѓу срцеви удари на пилоти и ковид вакцините

Постот манипулира и без никакви аргументи и докази неколку случаи во кои пилоти или копилоти доживеале срцев удар, ги поврзува со ковид вакцината. Во конкретните случаи посочени во постот, воопшто и нема податок дали пилотите били вакцинирани против ковид-19 или не. Наспроти ваквата манипулација, познато е дека случаи кога пилоти и копилоти доживеале срцев удари за време на лет,...

Ниту Путин се бори против злото, ниту Гејтс ги труе луѓето од воздух

Русија пред повеќе од една година изврши воена инвазија врз Украина, која како суверена држава има сосема легитимно право да се брани. Наративот дека „Путин се бори против злото“ е дело на руската пропаганда којашто се обидува да ги оправдаат злосторствата што ги врши Русија на туѓа територија. Бил Гејтс е омилена фигура во разни теории на заговор, вклучително...

5Г технологијата не е оружје за масовно убивање

Научната јавност е категорична дека 5Г технологијата ќе се користи за подобрување на комуникацијата во воените комуникации, но не како оружје за масовно убивање. Експертите велат дека е бесмислено да се шират застрашувачки гласини дека 5Г се користи како оружје од војската. Целиот електромагнетен спектар може да се подели на два вида на зрачење: јонизирачко зрачење, кое убива луѓе...

Тенденциозност: Без докази се тврди дека ковид вакцините предизвикуваат рак, неплодност и инфаркти

Овој пост доаѓа после неколку јавни излагања на кардиолози кои тврдат дека има зголемен број на лица во државата кои имаат срцеви или мозочни удари. Но, сите тие кардиолози зголемениот број на овие заболувања го припишуваат на ковид како болест, а не на ковид вакцината. И многу медицински студии покажаа дека инфекцијата со ковид-19 може да го зголеми...

Теориите на заговор за адренохром не ја поштедија ни Селин Дион

Нема никакви докази дека Селин Дион консумира адренохром, ниту пак, дека многу познати личности го користат за да останат млади. Супстанцата е „еликсир на младоста“ само во теориите на заговор. Всушност, станува збор за синтетичка супстанца која се добива во лабораторија  и се користи како хемостатик за лекување на загубата на крв. Теоријата на заговор за екстракција на адренохром...

Постот дезинформира дека Столтенберг ќе биде осуден за злодела против човештвото

Наспроти наводите изнесени во описот на видеото споделено во постот, не постојат никакви најави дека Столтенберг ќе биде осуден. Против него нема покренато никакви обвиненија од ниту една држава во светот. Столтенберг, според неговата биографија, има чесна кариера без турбуленции, секогаш бил на високи позиции за кои се бараат лица коишто немаат криминално минато. Во постот не е јасно...

Не е точно дека невакцинираните деца се екстремно поздрави и попаметни од вакцинираните

Фото: Pixabay/qimono
Нема никакви научни докази базирани на истражувања од кои може да се извлече заклучок дека децата не треба да се вакцинираат или дека невакцинираните деца се поздрави и попаметни од вакцинираните. Вакцините спречуваат заразни болести, немаат никаква врска со интелигенцијата на детето. Во објавата е спомнат и Трамп, иако тој никогаш не заземал став против вакцинирање, напротив, тој...

Пропаганда: Неосновано величење на Трамп како спасител на деца од мрежа на педофили

Нема докази дека Трамп е некаков спасител на деца од канџите на педофилија и трговија со луѓе, ниту пак, постојат докази за некаква длабока држава против која поранешниот американски претседател успешно се бори. Оваа теорија на заговор е добро позната и ја шират  поддржувачи на Трамп, припадници на движењето Кју анон, каков што е и профилот на лицето кое...

Не е точно дека ковид вакцината на Фајзер предизвикува машка неплодност

Наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, „Вистиномер“ не пронајде никакви докази дека самата компанија „Фајзер“ имала објавено извештаи кои наводно покажувале дека нивните вакцини против ковид-19 може да предизвикаат неплодност кај мажите и дека тоа се знаело уште во фазата на проучување на лекот. Во фазата на создавање на вакцините немаше испитувања на плодноста, но подоцна сите испитувања...

Нема докази дека ковид вакцините се причина за зголемување на мозочните и срцевите удари

Наспроти тврдењето во постот нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат какви било компликации кои би довеле до трипати зголемен број на срцеви удари или петкратно зголемување на мозочните удари. Нема ниту информација или доказ дека тие пациенти кои ја формираат повисоката бројка на лица со удари се воопшто вакцинирани. Но, за разлика од вакцините, е потврдено (и со...

Нема докази дека новинарката Алиса Карлсон колабирала поради вакцина против ковид-19

Нема информации кои се причините за онесвестувањето на новинарката на CBS Лос Анџелес, Алиса Карлсон Шварц  за време на нашите вести во 7 часот наутро. Уште помалку некој потврдил или посочил дека тоа е последица на вакцина против ковид-19, како што е тоа претставено во постот што го рецензираме. Новинарката се огласи на социјалните мрежи, кратко заблагодарувајќи се за...

Кју нема спречено „глобален ковид план за депопулација“, затоа што таков не постоеше

Објавата што ја рецензираме не само што е невистинита, туку е и бесмислена. Ковид пандемијата не е планирана, туку  таа е глобална здравствена кризна ситуација којашто беше надмината главно поради вакцинацијата и поради тоа што вирусот мутираше во поблаги варијанти, како и поради фактот што дел од популацијата го прележа вирусот. Никакви кју војници не придонеле за нејзиното стабилизирање....

Пропагандата на Кју-анон шири невистини дека војната во Украина е „чистење на сатанисти“

Наспроти изнесеното во видеото што се споделува во постот, нема никакви тајни апсења на „длабоката држава“, како што приврзаниците на Кју анон теоријата на заговор ја нарекуваат „елитата која од сенка владее со светот“. Исто така, ковид-19 не е измама, туку пандемија од светски размери којашто беше победена поради вакцинацијата, како и мутирањето на самиот вирус во послаби варијанти....

Андреас Ноак не е убиен, а графен хидроксид не постои

Смртта на хемичарот Андреас Ноак од страна на антивакциналните кругови беше масовно злоупотребувана за ширење невистини за составот на вакцините и за причините на неговата смрт. Не е точно дека Ноак бил убиен поради наводно истражување, туку починал од срцев удар. Неговата партнерка објави видео каде потврдува дека починал од срцев удар, откако претходно се онесвестил во својот дом...

Германско старо сатирично видео за кемтрејлс споделено како да е вистинито

Видеото е направено од германскиот сатиричен сајт Der Postillon, првично е објавено пред цели осум години – во март 2015 година и може да се најде и на нивната веб-страница и на каналот на Јутјуб. Тоа не е вистинска репортажа на германска телевизија и не може да се сфати сериозно. Спротивно од тоа што се тврди во објавата на...

Постот манипулира дека американската администрација официјално потврдила лабораториско потекло на ковид-19

Три години по почетокот на пандемијата сè уште е нејасно дали коронавирусот што ја предизвикува болеста ковид-19 се проширил по природен пат од животно, или истекол од лабораторија. Секој нов извештај за потеклото на вирусот веднаш  предизвикува враќање на дезинформации и теориите на заговор поврзани со коронавирусот. Од американското Министерство за енергетика протече информација дека последниот извештај, со „мала...

Ниту има смртоносни серии од ковид вакцините, ниту ЦДЦ намерно ги испратиле во „црвените држави“

Вакви произволни тврдења пронајдовме само на конспиративниот сајт Експозе кој во текот на целата пандемија ширеше дезинформациски наративи. Нивниот заклучок за смртоносни серии на вакцини е базиран на пријави во ВАЕРС системот за рано сигнализирање на сомнежи за можни несакани ефекти. Досега повеќепати се дебанкирани неточните тврдења за смртоносни серии вакцини. Според американски медицински експерти, во САД ковид-19 стана...

Белите траги од авионите не значат дека од воздух нè прскаат со отрови

Нема докази дека отрови се пуштаат од воздух во Македонија или каде било во светот. Според научната јавност, станува збор за контрејлс – траги што авионите ги остават зад себе како последица на кондензација и кои се највообичаена појава. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот...

Не е точно дека НАСА на хебрејски значи измама

Оваа објава што се споделува на Фејсбук е неточна. НАСА нема никаква врска со хебрејскиот јазик, туку е само скратеница од целосното име на оваа институција во САД, а преводот на зборот на хебрејски не значи „измама“. НАСА (National Aeronautics and Space Administration), е независна агенција на федералната влада на САД одговорна за цивилната вселенска програма, аеронаутичко истражување и...

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...