fbpx

Не е точно дека НАСА на хебрејски значи измама

-

Оваа објава што се споделува на Фејсбук е неточна. НАСА нема никаква врска со хебрејскиот јазик, туку е само скратеница од целосното име на оваа институција во САД, а преводот на зборот на хебрејски не значи „измама“. НАСА (National Aeronautics and Space Administration), е независна агенција на федералната влада на САД одговорна за цивилната вселенска програма, аеронаутичко истражување и вселенско истражување, пишува Вистиномер.мк.

 

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Преку објава на социјалната мрежа Фејсбук се тврди дека зборот НАСА на еврејски јазик значи измама („превара“). Ова воопшто не е точно. Ниту НАСА е збор ниту преводот на еврејски е тоа што се тврди.

NASA – NA EVREJSKI ZNACI IZMAMA,
PREVARA..

Профил на Фејсбук кој често споделува разни теории на заговор, овојпат тврди дека НАСА на еврејски значи измама. Но, она што прво треба да се знае дека е „НАСА“ не е збор, туку акроним односно скратеница од првите букви на англиски јазик на зборовите „Национална аеронаутичка и вселенска администрација“ (National Aeronautics and Space Administration), како таква се пишува со сите големи букви. Па така, неточно е и самото тврдење за значењето односно преводот на тој збор на хебрејски јазик.

Во реалноста, ако сакаме да се обидеме да најдеме хебрејски збор што многу наликува и звучи како НАСА тоа е зборот nāśā.

Тој збор во превод не значи измама туку нешто сосема поинакво. Првенствениот превод на тој збор е „да се подигне“, а исто така значи „поднесување“, „носење“, „преземање“.

Треба да се знае и тоа дека хебрејскиот јазик не ја користи истата азбука како оние кои користат англиски јазик. Зборот „наса“ всушност воопшто не постои на хебрејски, но постојат различни транслитерирани форми, како таа што ја објаснивме погоре.

Оваа теорија на заговор потекнува од еден дел од стариот завет на Библијата кој вели „И Господ Бог ѝ рече на жената: Што е тоа што го направи? А жената рече: Змијата ме измами, и јас јадев“. Зборот „измами“ е напишан nâshâ, што значи „да залута“, односно „да залажува“, „да измами“. Но овој збор има Х во него (H на англиски), и се изговара поинаку од НАСА.

Пребарувањето на интернет покажува дека оваа теорија на заговор, за значењето на акронимот НАСА, ја користат оние кои веруваат и ја споделуваат теоријата дека земјата е рамна, што исто така е неточно и преставува теорија на заговор.

НАСА повеќепати досега била цел на невистини и теории на заговор, кои Вистиномер во неколку наврати ги дебанкираше.

НАСА е основана на 1 октомври 1958 година, како дел од владата на Соединетите држави. НАСА е независна агенција на федералната влада на САД одговорна за цивилната вселенска програма, аеронаутичко истражување и вселенско истражување.

Според наведените факти, оценуваме дека оваа објава е неточна. НАСА нема никаква врска со хебрејскиот јазик туку е само скратеница од целосното име на оваа институција во САД, а преводот на зборот на хебрејски не значи „измама“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пост на Фејсбук манипулира дека со дрон намерно се палеле шуми

Станува збор за хеликоптери кои се користат за да се стопира понатамошното ширење на шумски пожар, односно за контролирано палење, при што се прави обрач околу огнот за да...
Free Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
udemy free download
download coolpad firmware
Download WordPress Themes Free
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=