САД со нови санкции против Русија, на листата се 200 поединци и субјекти

-

На годишнината од руската инвазија врз Украина, САД соопштија дека воведуваат нови санкции против Русија, пренесуваат американските медиуми.

Белата куќа соопшти дека САД ќе воведат санкции за 200 поединци и субјекти од руско, но и потекло од други земји во Европа, Азија и Блискиот Исток, кои ги поддржуваат воените напори на Русија. На листата се наоѓаат и десетина руски финансиски институции.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, вчера изјави дека мерките ќе бидат насочени кон „клучните сектори кои генерираат приходи за Путин“, руски банки, ентитети од руската одбранбена технолошка индустрија, но не само од Русија, туку и други земји кои се обидуваат да ги избегнат санкциите на САД.

Освен ова, најавени се и неколку активности за контрола на извозот за речиси 90 руски и компании од трети земји, вклучително и од Кина, поради избегнување на воведените санкции. Претседателот на САД Џо Бајден денеска ќе потпише документ за зголемување на царините за повеќе од 100 руски хемиски производи, како и производи од метали и минерали.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...