fbpx

Андреас Ноак не е убиен, а графен хидроксид не постои

Смртта на хемичарот Андреас Ноак од страна на антивакциналните кругови беше масовно злоупотребувана за ширење невистини за составот на вакцините и за причините на неговата смрт. Не е точно дека Ноак бил убиен поради наводно истражување, туку починал од срцев удар, пишува Вистиномер

-

Смртта на хемичарот Андреас Ноак од страна на антивакциналните кругови беше масовно злоупотребувана за ширење невистини за составот на вакцините и за причините на неговата смрт. Не е точно дека Ноак бил убиен поради наводно истражување, туку починал од срцев удар. Неговата партнерка објави видео каде потврдува дека починал од срцев удар, откако претходно се онесвестил во својот дом после што бил однесен во болницата Волфсберг во Австрија. Полицијата на Австрија подоцна потврди дека Ноак починал од природни причини. Универзитетски професори по хемија тврдат дека графен хидроксид не постои, така што не ни може да го има во ковид вакцините, како што неточно тврдел Ноак, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Германски хемичар Андреас Ноак е убиен, затоа што јавно кажа и осуди, дека вакцината против ковид 19 содржи графен хидроксид, докторирал на оваа тема. Микрожилети инјектирани. Графен хидроксид во крвните садови на инјектираниот.

Потоа се споделува десетминутно видео во коешто Ноак, изнесува дека во вакцините има графен хидроксид, измонтирано со наводни смртни случаи предизвикани од самата вакцина против ковид-19.

Смртта на Ноак од страна на антивакциналните кругови беше масовно злоупотребувана за ширење невистини за составот на вакцините и за причините на смртта на самиот Ноак. Не е точно дека Ноак бил убиен поради наводно истражување, пишуваат проверувачите на факти на Политифакт, туку починал од срцев удар.

Пред пандемијата Андреас Ноак на својот Јутјуб канал се имаше посветено на говори за алтернативна медицина, суплементи. Со почетокот на пандемијата, тој почна да тврди дека ковид-19 е дел од глобален заговор, со цел да се убие човештвото.

Во ноември 2021 година, Ноак објави видео на својот канал на Телеграм, со тврдење дека вакцините од Фајзер и Бионтек против ковид 19 содржат графен.

Неговата невистинита теза беше базирана на напис од шпански истражувач за кого веќе Вистиномер пишуваше овде.

По смртта на Ноак почнаа да „никнуваат“ различни непоткрепени постови на социјалните мрежи во кои без никакви докази се тврдеше дека тој бил убиен поради тоа што обелоденил дека графен постоел во вакцините. Еден ден после смртта на Ноак, неговата партнерка објави видео каде потврдува дека починал од срцев удар, откако претходно се онесвестил во својот дом после што бил однесен во болницата Волфсберг во Австрија.

Полицијата на Австрија подоцна потврди дека Ноак починал од природни причини.

Погребалното претпријатие задолжено за погребот извести дека имал 57 години.

Професорот Сањин Гутиќ, доктор по хемија и професор на Факултетот за природни науки и математика од Универзитетот во Сараево и Далибор Карачиќ, докторант по хемија и математика и електрохемија на Факултетот за Хемија во Белград, објаснуваат дека тврдењата на Андреас Ноак за некаков графен хидроксид не се базирани во науката, примарно затоа што графен хидроксидот не постои. Исто така е нејасно дали Ноак воопшто спровел свое истражување на темата или само цитирал друго непотврдено истражување, со оглед на тоа што податоци за наводното негово истражување тој нема споделено ниту презентирано.

Како што објаснуваат тие, наједноставниот точен одговор на прашањето што претставува графен хидроксид е: ништо!

Графен хидроксидот не постои. Причината што не постои, е неможноста да се оддели OH групата, прикачена за атомот на јаглерод C, во форма на OH јони. Експерт за јаглеродни материјали, како што Ноак се нарекува самиот себеси, треба да знае дека графен хидроксидот не постои во теорија ни во пракса и дека микро Раман спектроскопија не може да се користи за да се разликува функционална група на материјали на графен, велат тие.

На прашањето за што се користи графен хидроксид Гутиќ и Карачиќ велат:

Со оглед на тоа што не постои графен хидроксид, нема никаква употреба на истиот во вакцината против ковид-19.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...