fbpx
Таг: теории на заговор

таг: теории на заговор

Светскиот економски форум не забранува зачнување бебиња на природен начин

Светскиот економски форум нема никакви овластувања да забранува природно зачнување, ниту, пак, на нивната агенда се наоѓа таква небулозна цел. Насловот, што се споделува во постот, не е проследен со логични факти, односно самото тврдење е апсолутно паушално и нелогично. Целата дезинформација најверојатно потекнува од напис на сајтот на СЕФ, објавен во 2017 година, а во кој се известува...

Насловна на „Тајм“ стара 10 години погрешно претставена дека пропагира депопулација

Тајм магазинот на својата насловна страница од август 2013 година има прикажано наслов на текст, во чија содржина воопшто не се говори за „нова пропаганда во насока на депопулација каде живот без деца е идеален живот без обврски“. Дури и луѓето претставени во текстот иако немаат деца, имаат исклучиво многу обврски поврзани со кариерата и професиите, како и вклученоста...

Видео со висок контраст лажно го прикажува Макрон со „силиконска маска на лицето“

Во постот е споделено кратко видео во кое Емануел Макрон, Џо Бајден, Ангела Меркел и Хилари Клинтон се прикажани на снимки со висок контраст, кои прават оптичка илузија. Па во духот на теоријата на заговор Кју Анон, според која овие политичари не се вистински туку се „заменувани од двојници“, неточно се тврди дека францускиот претседател носи маска на лицето....

Банкнотата од 50 евра не симболизира сатански рогови

Европската банкнота од 50 евра нема никаква врска со сатаната, како што се тврди во постот што го анализираме. Мостовите на задната страна на европските банкноти ја симболизираат комуникацијата меѓу луѓето во Европа и меѓу Европа и остатокот од светот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Пост на Фејсбук шири манипулативно тврдење дека банкнотите од 50...

Бајден не носи маска на ова видео, туку видеото е со висок контраст

Во пост на Фејсбук лажно се тврди дека на одреден веб сајт ги имало сите обвиненија за злосторство против човештвото, дека ковид пандемијата и заклучувањата биле дел од план за депопулација на црното племство и слични теории на заговор. Воедно, се постира видео со кое јавноста треба да биде уверена дека не станува збор за Џо Бајден, туку за...

Со невистинa се шири паника за наводна „целосна контрола“ преку кредитните картички

Со помош на една вистинита информација за нова технологија во изработката на платежните картички на Мастеркард, се наведуваат еден куп други функции кои наводно ги извршуваат новите картички и се шири невистина дека преку овие банкарски алатки луѓето стануваат контролирани за многу свои активности. Невистина која припаѓа на фамилијата невистини од разните теории на заговор, пишува „Вистиномер“ во својата...

Клаус Шваб не напишал книга за елиминација на 4 милијарди „бескорисни јадачи“

Текст од друг автор на друга книга е ставен како извадок на книга на основачот на Светски економски форум Клаус Шваб, каде што Шваб се прикажува како монструм кој има план да ликвидира 4 милијарди луѓе, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува фотографија од Клаус...

Нема докази дека мозокот на бебињата запира со развој поради вакцинирањето

Науката не располага со докази дека вакцинирањето кај децата е поврзано со развојот на мозокот или со когнитивните функции. А постот што го рецензираме токму тоа го тврди, што е класична лага поврзана со антиваксерските кругови во земјава и во светот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој...

Илон Маск го клевети Џорџ Сорос дека „го мрази човештвото“

Илон Маск упати серија напади кон Џорџ Сорос, твитајќи дека либералниот филантроп со еврејско потекло го мрази човештвото и „сака да ја нагризе самата структура на цивилизацијата“. Сорос често е подложен на антисемитски теории на заговор, пишува Вашингтон пост. Под закрилата на Маск, на Твитер се зголемува ширењето на антисемитизмот и другите облици на говор на омраза. Сепак, Илон Маск...

Ирска не донела закон со кој се забранува читање и споделување на вести надвор од мејнстрим медиумите

Ирска донесе закон против говор на омраза за кој  известуваа повеќе официјални медиуми, а целосниот текст од законот е објавен на страницата на ирската влада. Станува збор за легислатива насочена против злосторства од омраза, со кои се потенцира дека е кривично дело да се негира или да се претставува на тривијален начин геноцидот, а се заштитуваат и родовиот идентитет...

Не е точно дека Трамп пронашол работилница за адренохром во позната продавница во Њујорк

Во постот се тврди дека војската по наредба на Трамп пронашла деца и работилница за адренохром, меѓутоа за ова нема никаква поткрепа, ниту пак, може да се најде таква информација во медиумите. Самиот Трамп се нема пофалено и јавно не говорел на оваа тема. Адренохромот е состојка којашто се добива со оксидација на адреналин и нема никакви докази дека...

Насловни страници на Тајм злоупотребени за некакво „глобално смрзнување“

Насловните страници на Тајм, кои според постот известувале за глобалното смрзнување, немаат врска со тоа. Дел од нив се лажни, односно дигитално креирани. Неколку легитимни насловни страници на списанието Тајм објавени во 1970-тите, исто така, се извадени од контекст и немаат никаква врска со климатските промени или леденото доба, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Пост...

Повторно се шири рускиот лажен наратив за биолаборатории во Украина управувани од САД

Неточно се тврди дека во Украина имало биолаборатории на САД под директна команда на Пентагон. Лабораториите се под суверена команда на Украина и се национални, а СЗО после воената инвазија на Русија врз Украина, препорача патогените да се уништат за да не им паднат во раце на руските воени сили. Ова тврдење не е ново, всушност, тоа е лажен...

Неточно се тврди дека Бил Гејтс заговара глобална пандемија, затворска држава и геноцид

Наспроти изнесеното во постот дека Гејтс заговара геноцид, тој во колумната на Њујорк Тајмс предупредува на тоа дека е потребна подготвеност од страна на државите за што повеќе луѓе да се спасат во иднина доколку повторно се случи пандемија. Тој во ниеден момент не кажува дека сака глобална пандемија и затворска држава, ниту, пак, зборува за мерки кои би...

Со говор на Бил Гејтс изваден од контекст погрешно се алудира дека тој заговара „панел на смртта”

Постот манипулира со фрагмент од интервју на Бил Гејтс од јули 2010 година, снимено на Аспен институтот – непрофитна организација во Колорадо. Никаде во видеото Гејтс не зборува дека во иднина ќе се бара панел на смртта, за да се скратат високите медицински трошоци. Иако ова го споменува во своето излагање, сепак, тој само објаснува зошто дискусиите за трошоците за крајот на...

Не е вистина дека Бајден бил убиен со инјекција во Гвантанамо

Претседателот на САД, Бајден има јавни настапи речиси секој ден, медиумски настапи, вклучен е во менаџирање и коментирање на внатрешните и меѓународните политички процеси и невозможно е сите тие комплицирани процеси да ги спроведува негов двојник. Тврдењето дека некои политичари имаат двојници или клонови или глумци им се припишува на поддржувачите на „Кју Анон“ движењето. Овие тврдења не се...

Швајцарија не истакнала дека Гејтс, Шваб и Фаучи се барани „криминалци на големото ресетирање“

Не е точно дека Швајцарија ги истакнала проминентните личности како „барани лица“ за „големото ресетирање“.  Станува збор за граѓани кои во јули минатата година ги истакнале овие постери, како промоција на своите наративи полни со дезинформации за наводната одговорност на Бил Гејтс, Клаус Шваб и  Ентони Фаучи, истовремено повикувајќи на нивен линч, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го...

„Паметни градови“ не се тема на Агенда 2030

Во текстот на Агенда 2030  никаде не се споменува ниту терминот „паметни градови“, ниту тоа дека владите ќе имаат авторитет да ги преземаат загадените земјишта. Невистинитото тврдење од постот започна да се шири на интернет просторот, откако на 3 февруари  воз излета од шините и предизвика пожар во град во Охајо, САД. После несреќата илјадници жители мораа да се...

Пост на Фејсбук ја воскреснува лагата дека Мишел Обама била маж

Мишел Обама никогаш не била маж. Таа е родена како Michelle LaVaughn Robinson во јануари 1964 година и родила две ќерки. Не е првпат Мишел во манипулативни постови да биде лажно претставувана дека, наводно, не е жена. Ваквите небулози речиси секогаш потекнуваат од кругови кои се склони кон конспирациски теории, а со цел во лагата да уверат што поголем број...

5Г антените не се камуфлираат затоа што се штетни, туку заради естетика и подобар сигнал

Камуфлирањето на телекомуникациските антени не е ништо ново и бомбастично како што тоа се претставува во постот. Вакви кактус кули има во САД, како и на други места во светот, но во постот не е објаснето зошто тие се градат, туку неосновано се алудира дека 5Г технологијата е штетна и затоа телекомуникациските кули се маскираат.  Камуфлирањето на овие антени...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...