fbpx

Пост на Фејсбук ја воскреснува лагата дека Мишел Обама била маж

Лажните вести на интернет поврзани со Мишел Обама, особено се размножија откако таа отворено почна да му изразува поддршка на Џо Бајден во неговата претседателска трка против Доналд Трамп

-

Мишел Обама никогаш не била маж. Таа е родена како Michelle LaVaughn Robinson во јануари 1964 година и родила две ќерки. Не е првпат Мишел во манипулативни постови да биде лажно претставувана дека, наводно, не е жена. Ваквите небулози речиси секогаш потекнуваат од кругови кои се склони кон конспирациски теории, а со цел во лагата да уверат што поголем број луѓе, користат алатки за изменување на фотографиите, доведувајќи ги лековерните во ситуација да се сомневаат дури и во очигледни факти, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој наведува на став дека поранешната прва дама, Мишел Обама, порано била маж.

Новото пиво Бад Лајт Мајк.
Пред пивото – Биг Мајк
После пивото – Мишел Обама, се вели во објавата.

Објавата е придружена и со фотографија на која наводно е прикажана Мишел Обама кога била маж.

Не е првпат Мишел Обама во манипулативни постови да биде лажно претставувана дека, наводно, не е жена. Ваквите небулози речиси секогаш потекнуваат од кругови кои се склони кон конспирациски теории, а со цел во лагата да уверат што поголем број луѓе, користат алатки за изменување на фотографиите, ги фотошопираат фотографиите, доведувајќи ги лековерните во ситуација да се сомневаат дури и во очигледни факти.

Вистиномер веќе има дебанкирано една таква информација која преку дигитално изменета фотографија инсинуираше дека Мишел Обама е маж.

Во 2020 година се ширеше и надградена верзија на овие лажни тврдења во кои се тврдеше дека Мишел Обама, родена со името Мајкл Лаван Робинсон, всушност, била – маж. Лажните вести на интернет поврзани со Мишел Обама, особено се размножија откако таа отворено почна да му изразува поддршка на Џо Бајден во неговата претседателска трка против Доналд Трамп, која заврши со негова победа.

Тврдењата дека Мишел Обама била маж ги имаат побиено и други сервиси за проверка на фактите како Ројтерс и Политфакт.

Политфакт го провери тврдењето дека Мишел Обама во 1994 година на изборите во Илиноис гласала како маж, и утврди дека тоа е лага.

Мет Дитрих, службеник за јавни информации за Изборниот одбор на државата Илиноис, изјавил за Политифакт дека агенцијата не чува оригинални картички за регистрација на гласачите, но дека немаат евиденција за досие на овој гласач (Мишел Обама) што укажува на кој било пол, освен женски.

Мишел Обама е родена како Michelle LaVaughn Robinson во јануари 1964 година и родила две ќерки.

Оттука тврдењето во постот го оценуваме како невистинито.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинска амбасада: Путин е нелегитимно изгласан за претседател

Спроведувањето на претседателските избори во Русија во окупираните територии на Украина ја прави победата на Владимир Путин нелегитимна, пишува украинската амбасада на С. Македонија во соопштение, во кое се...