fbpx

Насловни страници на Тајм злоупотребени за некакво „глобално смрзнување“

Злоупотребена е и насловната на Тајм од 31 јануари 1977 година, на која има наслов „The big freeze“. Но, оваа статија не го спомнува ниту еднаш концептот на глобално заладување и истата се однесува на рекордно ниските температури во САД зимата 1977 година

-

Насловните страници на Тајм, кои според постот известувале за глобалното смрзнување, немаат врска со тоа. Дел од нив се лажни, односно дигитално креирани. Неколку легитимни насловни страници на списанието Тајм објавени во 1970-тите, исто така, се извадени од контекст и немаат никаква врска со климатските промени или леденото доба, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Пост на Фејсбук споделува насловни страници од магазинот Тајм, ставајќи ги во контекст на „глобалното смрзнување“.

Безмозговци што се ложеа на корона, маски, ваксајнс и Зеленски, сега мора да се ложат и на глобалнотото загревање, кое до 1979 било глобално смрзнување, таква е шемата, се вели во објавата која ја рецензираме.

Насловните страници на Тајм, кои според постот известувале за глобалното смрзнување, немаат врска со тоа. Дел од нив се и лажни, односно дигитално креирани.

Фото: Исечок од рецензираниот Фејсбук пост

Таков е примерот со насловната на која се гледа пингвин како стои на мраз што се топи. Текстот на наводната насловна корица гласи: „Како да се преживее претстојното ледено доба“. Поднасловот гласи: „51 работи што можете да ги направите за да направите разлика“.

Сепак, фалсификуваното предупредување на предната корица за претстојното ледено доба е дигитално изменето и циркулира на интернет со години. Магазинот Тајм се осврна на ова во септември 2019 година.

Автентичниот наслов за насловната страница со истата фотографија на пингвин беше објавен во април 2007 година и гласеше: „Водич за опстанок на глобалното затоплување“.

Неколку легитимни насловни страници на списанието Тајм објавени во 1970-тите, исто така, се извадени од контекст и немаат никаква врска со климатските промени или леденото доба.

Една насловна страница, објавена во декември 1979 година, се однесува на недостиг на масло за домаќинство. На насловната страница се прикажани фигури од цртани филмови кои се гушкаат пред оган со наслов: „Заладувањето на Америка“. Исто така, немала никаква врска со климатските промени (тука), (тука).

Злоупотребена е и насловната на Тајм од 31 јануари 1977 година, на која има наслов „The big freeze“.

Оваа статија не го спомнува ниту еднаш концептот на глобално заладување и истата се однесува на рекордно ниските температури во САД зимата 1977 година.

Извадена од контекст е и насловната страница на Тајм од 3 декември 1973 година, која има ист наслов како претходната „The big freeze“.

Овој напис се однесува на енергетската криза во САД и ограничувањата на струјата и на продажбата на гас за загревање.

Од сето ова можеме да заклучиме дека магазинот Тајм никогаш не предупредувал, ниту пишувал за некакво „глобално смрзнување“, како што тоа го сугерира постот што го анализираме. Според тоа можеме да кажеме дека на постот му недостига контекст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...