fbpx

Со невистинa се шири паника за наводна „целосна контрола“ преку кредитните картички

Со картичките за мерење на јаглеродниот отпечаток, се дава опција граѓаните да ги нарачаат ако сакаат и не се задолжителни. Во Македонија воопшто ги нема

-

Со помош на една вистинита информација за нова технологија во изработката на платежните картички на Мастеркард, се наведуваат еден куп други функции кои наводно ги извршуваат новите картички и се шири невистина дека преку овие банкарски алатки луѓето стануваат контролирани за многу свои активности. Невистина која припаѓа на фамилијата невистини од разните теории на заговор, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Знаете дека веќе на кредитните картици ви го мерат потрошеното количество CO2 (јаглероден диоксид), ако пречекорите следат санкции или исклучување па нема да можете да подигнете пари од банкоматите. Ако ја критикувате владата, исто! Ако сте биле против носење маски кај децата исто! Ако сте се движеле во радиус поголем од пропишаното за време на ковид пандемијата исто! Значи со еден збор тотална контрола! Како да се бориме и со ова?!

Не е точно дека во моментов, на кредитните картички „ви го мерат потрошеното количество на јаглероден диоксид“ и дека ако го пречекорите ви следуваат санкции. Станува збор за опционални платежни картички, кои во Македонија уште ги нема во ниедна банка, а во светот таму каде што ги има се опционални, односно на избор на самиот корисник на банкарски услуги. Дополнително, деловите од постот во кои се вели дека „ќе бидете санкционирани ако сте се движеле од радиус поголем од пропишаното за време на ковид и ако ја критикувате владата исто ќе бидете санкционирани“ е комплетно измислен, со оглед на тоа што кредитни картички не може да следат какво е размислувањето на нивниот сопственик за владата, а во екот на ковид пандемијата немаше „дозволен радиус за движење“ во ниеден момент во државата, туку се одредуваше карантин во одредени периоди, односно имаше ограничено време за движење (полициски час).

 

Опционална картичка со која рамковно се мери потрошувачката на ЦО2

Точно е дека во светот, Мастеркард во 2019 година ја промовираше својата платежна картичка, со која што може да се ограничи трошењето на оние кои ќе ја изберат (опционална е оваа картичка), базирано на нивниот импакт врз животната средина.

Со оваа картичка се превенира потрошувачите да го надминат нивниот лимит, не базирано на кредит (парите што ги имаат на сметката), туку базирано на нивоата на емисии на јаглероден диоксид што нивното конзумирање и купување ги предизвикува. Картичката не е задолжителна и ја нема секаде, а во Македонија дефинитивно не е во употреба. Таа е доброволна и само тие корисници на банкарски услуги што сакаат доброволно – ја користат откако ќе аплицираат за неа.

Станува збор за картичка која ја ограничува потрошувачката, базирано на тоа колку јаглероден диоксид одредена трансакција „чини“.

На страницата на Мастеркард се наведува дека за да се достигнат целите на Парискиот договор и да се избегне неповратна климатска криза, глобалните емисии на гас ќе мора да се намалат до 2030 година за да се постигне климатска неутралност.

Просечниот граѓанин на Шведска се брои како 10 тони јаглероден диоксид и 60 проценти од тие емисии доаѓаат токму од купувањето, пишува на сајтот на Мастеркард.

На сајтот на Мастеркард е презентирана картичката која се вика До Блек. Околу 60 проценти од влијанието со јаглероден диоксид кое го има конзументот, е преку шопингот.

Да се смени однесувањето на конзументот е патот да се намали емисијата на јаглероден диоксид. До Блек е радикална алатка и е првата кредитна картичка со лимит на ЦО2 емисии која ве спречува да потрошите над лимитот, не базирано на достапните парични средства, туку базирано на импактот на вашето купување, се вели на страницата.

Таа е патентирана картичка со патент P41904293SE00.

Според Светскиот економски форум, самите корисници ќе може да го наместат лимитот на картичката за потрошувачка на јаглероден диоксид. Оваа картичка не овозможува никој да ве следи дали сте за или против владата и да ве казнува поради тоа. Информациите од 2021 година покажуваат дека најголема емисија на јаглероден диоксид се создава од консумеризмот на најбогатите луѓе на планетата.

Во картичката се комбинирани три функции. Прво, можноста да се мери импактот на секоја трансакција, понатаму лимитот на ЦО2 искалкулиран според државата во која е корисникот (пер капита), и систем на плаќање со интегриран лимит за ЦО2. Технологијата ги блокира трансакциите кога ќе се надмине ЦО2 лимитот, ја оневозможува картичката и го известува сопственикот. На картичката До Блек, лимитот со јаглероден диоксид е задолжителен. Истражување на Мастеркард покажало дека клиентите и консументите сакаат да придонесат за животната средина со своето однесување и дека поради тоа ја создале оваа опција.

Има неколку различни видови на вакви кредитни картички. Најчестата е персоналната која е опционална, за луѓе кои сакаат да го менаџираат својот „јаглероден отпечаток“. Но, има и вакви картички за бизниси кои што сакаат да го ограничат нивото на јаглеродни емисии.

 

Во земјата картичките ги нема, а во постот има куп невистини

Меѓутоа, со картичките за мерење на јаглеродниот отпечаток, се дава опција граѓаните да ги нарачаат ако сакаат и не се задолжителни. Во Македонија воопшто ги нема. Со кредитните картички во Македонија во моментов не се мери јаглеродниот отпечаток и нема санкции ако го пречекорите бидејќи истите ги нема во користење. Дополнително, не е точно дека ако ја критикувате владата и ако сте против носење маски кај децата или ако сте се движеле во поголем радиус од дозволениот во ковидот, исто така ќе ви бидат блокирани картичките.

Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...