fbpx

Банкнотата од 50 евра не симболизира сатански рогови

Ако споите две банкноти од 50 евра и ги превиткате онака како што е прикажано во објавата,  двата дела на банкнотата каде е прикажан мост не можат да се преклопат така што би симболизирале некакви рогови на сатана, како што тврди постот

-

Европската банкнота од 50 евра нема никаква врска со сатаната, како што се тврди во постот што го анализираме. Мостовите на задната страна на европските банкноти ја симболизираат комуникацијата меѓу луѓето во Европа и меѓу Европа и остатокот од светот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Пост на Фејсбук шири манипулативно тврдење дека банкнотите од 50 евра симболизирале сатански рогови. Притоа, во постот е понудена фотографија од навидум две банкноти од 50 евра кои превиткани и споени образуваат лик со рогови.

Кога ќе ја погледнете сликата одблизу ќе видите дека таа е направена со помош на огледало. Инаку, ако споите две банкноти од 50 евра и ги превиткате онака како што е прикажано во објавата,  двата дела на банкнотата каде е прикажан мост не можат да се преклопат така што би симболизирале некакви рогови на сатана, како што тврди постот.

 

Што симболизира банкнотата од 50 евра?

Лага е дека банкнотата од 50 евра го симболизира сатаната.

Како што пишува веб-страницата Нумиста, на предната страна се прикажани прозорци и врати. Тие го симболизираат европскиот дух на отвореност и соработка. Банкнотата го прикажува архитектонскиот стил од периодот на ренесансата во историјата на Европа, но не покажува никакви постоечки споменици или мостови.

Мостовите на задната страна на европските банкноти ја симболизираат комуникацијата меѓу луѓето во Европа и меѓу Европа и остатокот од светот. На задната страна има и карта на Европа опкружена со 12-те ѕвезди на европското знаме.

Истото објаснување е дадено и на веб-страницата на Европската централна банка (ЕЦБ).

На предната страна на двете серии банкноти евро, се прикажани прозорци и врати. Тие го симболизираат европскиот дух на отвореност и соработка. Мостовите на задната страна ја симболизираат комуникацијата меѓу луѓето од Европа и меѓу Европа и остатокот од светот.
Како и првата серија, банкнотите од новата серија покажуваат архитектонски стилови од различни периоди во историјата на Европа, но не покажуваат никакви постоечки споменици или мостови, објаснува ЕЦБ.

Стиловите се:

  • 5 евра – класична
  • 10 евра – романескна
  • 20 евра – готика
  • 50 евра: – ренесанса
  • 100 евра – барок и рококо
  • 200 евра – архитектура на железо и стакло од 19 век

Можеме да заклучиме дека европската банкнота од 50 евра нема никаква врска со сатаната, како што се тврди во постот што го анализираме. Мостовите на задната страна на европските банкноти ја симболизираат комуникацијата меѓу луѓето во Европа и меѓу Европа и остатокот од светот. Според ова, постот го оценуваме како невистинит.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...