fbpx

Тенденциозност: Без докази се тврди дека ковид вакцините предизвикуваат рак, неплодност и инфаркти

Бројни медицински експерти велат дека нема докази кои ја поврзуваат вакцината против ковид-19 со канцерот и нотираат дека растот на бројот на случаи се објаснува со задоцнетиот скрининг во текот на ковид пандемијата.

-

Овој пост доаѓа после неколку јавни излагања на кардиолози кои тврдат дека има зголемен број на лица во државата кои имаат срцеви или мозочни удари. Но, сите тие кардиолози зголемениот број на овие заболувања го припишуваат на ковид како болест, а не на ковид вакцината. И многу медицински студии покажаа дека инфекцијата со ковид-19 може да го зголеми ризикот од срцев удар, како и други болести на срцето и крвните садови, аритмии, тромбови. Исто така, бројни медицински експерти велат дека нема докази кои ја поврзуваат вакцината против ковид-19 со канцерот, а растот на бројот на случаи го објаснуваат со задоцнетиот скрининг во текот на пандемијата. Во врска со тврдењето дека ковид вакцините предизвикуваат стерилитет Вистиномер веќе пишуваше  дека тие не влијаат на плодноста ни кај жените, ни кај мажите, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа во кој се вели:

Кога веќе признавте дека по ковидот, инфарктите се зголемени за трипати, признајте дека е тоа од вакцините.
Ма*eто им го онадивте на луѓево со вакцините кои и не беа вакцини. Ги лажевте бесрамно. А колку од нив ќе закачат рак, неплодност….? А говеда? Ниту еден светски познат лекар кој кажуваше дека ве убиваат со нив не го пренесовме на медиуми. И сите сте одговорни. Се праевте многу паметни.
Џабе е сега. Не можете ни да тужите зашто потпишавте пред да примите вакцина дека одговорноста е ваша. И како ќе докажете?
Тоа е.
Ама тогаш сите ние бевме неандерталци кога зборевме дека ве убиваат со нив.
Овој пост доаѓа после неколку јавни излагања на кардиолози кои тврдат дека има зголемен број на лица во државата кои имаат срцеви или мозочни удари. Но, сите тие кардиолози, за разлика од дезинформациите во постот што го рецензираме, зголемениот број на овие заболувања го припишуваат на ковид како болест, а не на вакцината против ковид-19. Слично е и со медицинските студии.
На пример, студија од 2022 година  објавена во Нејчр Медисин покажа дека лицата со ковид-19 имаат повисок ризик од кардиоваскуларни болести и дека дел од нив ќе имаат срцев удар.

Истражување, во кое беа вклучени повеќе од 150 илјади луѓе со ковид-19, покажа дека инфекцијата може да го зголеми ризикот од срцев удар, како и други болести на срцето и крвните садови, аритмии, тромбови итн.

Хопкинс медисин пишува дека срцев удар тип 2 е почест со ковид-19.
Овој срцев удар може да биде предизвикан од поголем стрес врз срцето, како срцебиење, ниско ниво на кислород во крвта и анемија, затоа што срцевиот мускул не добива доволно кислород. Ова го гледаме кај пациенти со акутен коронавирус, но е помалку често кај тие што ја прележале болеста. Крвните тестирања покажуваат дека за време на ковид-19 некои луѓе имаат покачено ниво на супстанца која се вика тропонин во нивната крв, заедно со ЕКГ промени и болки во градите. Покачени нивоа на тропонин се знак на оштетено срцево ткиво. Понекогаш ова е вид на срцев ударпишува Хопкинс медисин .
Интервентниот кардиолог, доктор Иван Милев, исто така, јавно има кажано во интервју за „Слободен печат“ дека ковид инфекцијата може да му наштети на кардиоваскуларниот систем:
Ковид инфекцијата може да наштети на кардиоваскуларниот систем на неколку начини, пред сè воспаление на срцевиот мускул таканаречен миокардит, хиперкоагубилност на крвта… Тешките форми на ковид се ризик за тромбози и може да доведат до зголемување на инциденцата на нагла срцева смрт и срцев удар кај младите луѓе и зголемување на мозочните удари кај младите луѓе од истата причина… (од 2 до 3 минута на видеото)
Бројни медицински експерти велат дека нема докази кои ја поврзуваат вакцината против ковид-19 со канцерот и нотираат дека растот на бројот на случаи се објаснува со задоцнетиот скрининг во текот на ковид пандемијата.

Џон Свитенхам, директор за клинички работи на Универзитетот во Тексас, во центарот за канцер, вели дека во 2021 година има извештаи кои покажуваат раст во новите дијагнози за канцер, стапката е од 5 до 15 проценти.

Не сум видел податоци кои сугерираат раст на стапката од 300 проценти и нема докази дека растот во дијагнозите со канцер е некако поврзан со ковид вакцинацијата. Овој раст е поради тоа што многу луѓе го одложуваа скринингот за канцер или одредувањето на причините за симптомите поради тоа што се плашеа да посетат здравствени установи во екот на пандемијата, изјави Свитенхам за Франс прес на 6 декември 2022 година.

Според најпроминентниот центар за третирање на пациенти со канцер во Њујорк Сити, Memorial Sloan Kettering Cancer Center, тврдењето дека вакцините против ковид-19 може да предизвикаат канцер се мит.

Ниту една од вакцините нема интеракција и не го менува ДНК на човекот на ниеден начин и затоа не може да предизвика канцер, пишува на веб-страницата на оваа институција.

Големи студии покажаа дека пациентите со канцер имаат висок ризик за компликации од ковид-19.

Центарот за грижа за пациенти со канцер во Онтарио препорачува пациентите со канцер да ги примат сите дози вакцина против ковид-19 што побрзо можат. Слична препорака има и во САД.

Вистиномер и претходно има пишувано дека вакцините против ковид-19 не предизвикуваат канцер. На следниот линк имаме објавено и рецензија за тоа дека спајк протеинот од вакцината против ковид-19 не е поврзан со раст на стапката на канцер.

Вистиномер веќе пишуваше за тоа дека вакцините против ковид-19 не предизвикуваат стерилитет ни кај жените ни кај мажите.

Поради сите горенаведени факти постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит. Нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат рак, неплодност и инфаркти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...