fbpx
Таг: судење

таг: судење

Почнува судењето на Фетулах Ѓулен, најголемиот противник на Ердоган

Денеска во Турција почнува судењето на Фетулах Ѓулен, турски проповедник и политичар и најголем ривал на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Судењето ќе се одржи во главниот суд во Истанбул и претставува дел од острите мерки против движењето на Ѓулен, кои владата ги опишува како борба против „паралелна држава“. Ѓулен (74) му беше сојузник на Ердоган кога неговата Партија на правдата...

Судењето на дадилката што малтретираше дете почна зад затворени врати

Судењето на дадилката обвинета за малтретирање деветмесечно бебе почна денеска зад затворени врати во Основниот суд Скопјe 1, откако судијата ја исклучи јавноста и медиумите од следење на рочиштето, пренесува „Телма“. Пред почетокот на судењето, како што пренесува телевизијата, судијата Драган Николовски објавил дека од текот на судскиот процес ќе ги исклучи медиумите и јавноста, заради, како што рекол, заштита...

Обвинетиот за убиството на медицинската сестра бил жртва на семејно насилство

Блиски роднини на Никола Кузмановски, обвинет за убиството на медицинската сестра Дијана Здравковска, кое се случи на 9 јануари годинава на Детската клиника во Скопје, на денешното продолжението на судењето сведочеа дека Кузмановски бил жртва на семејно насилство, пренесува порталот „Академик“. На денешното рочиште прва сведочела братучетка на Кузмановски, која изјавила дека тој и неговата мајка секојдневно биле малтретирани од неговиот...

Судењето за случајот „Пуч“ презакажано за 21 декември

Судските рочишта во Основниот суд Скопје 1 што на 2 декември беа одложени поради Денот на дрвото, ќе се одржат в сабота, на 12 декември, освен рочиштето за случајот „Пуч“, кое е презакажано за 21 декември, соопштија попладнево од судот. Меѓу судењата што беа откажани поради денот на дрвото беше и рочиштето за случајот „Пуч“. Сепак, како што информираат од судот за „Мета“,...

Зголемено обезбедување околу судовите заради Диво Насеље

Денеска во Врховниот суд почна јавната седница за оценување на обвинителниот акт за Диво Насеље. Зад судовите се паркирани неколку полициски возила хермелин. Полицaјци со автомати има уште на мостот Гоце Делчев, а полициско обезбедување има на сите влезови на судовите. Денеска обвинителот што го има преземено случајот треба да го претстави обвинителниот акт пред Советот на судии, кои ќе треба да...

Бошкоски покажа материјали за кои тврди дека докажуваат оти е наместен за „Ровер“

Обвинителката Лидија Раичевиќ-Вучкова, која го води предметот за случајот „Ровер“, во кој еден од обвинетите е поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, денеска соопшти дека се повлекува од случајот сè додека не се одлучи дали овој предмет ќе го земе Специјалното обвинтелство или не. Одлуката на обвинителката Раичевиќ-Вучкова следуваше откако на денешното рочиште Бошкоски презентираше транскрипти и УСБ за...

Хаџиски отфрла вина и тврди дека не се сеќава на убиството на Јошевска

Скопјанецот Миле Хаџиски, против кој во Основниот суд Скопеј 1 денеска почна новото судење за бруталното убиство на Мери Јошевска, пред 22 години, во двочасовното сведочење ја отфрли вината за убиството на Јошевска, тврдејќи дека не се сеќава на ништо. „Се сеќавам дека отидов кај неа дома за да ми даде пари за набавка на цигари, кои ги препродавав во скопските...

Во Иран осуден новинарот на „Вашингтон пост“

Иранскиот суд го осуди новинарот на „Вашингтон пост“, Џејсон Резајан, поради шпионажа, не наведувајќи детали од пресудата, објави иранската државна телевизија. Резајан, дописник на „Вашингтон пост“ од Техеран, беше уапсен во јули 2014 година и обвинет за шпионирање, како и за други кривични дела против националната безбедност. На новинарот кој има американско и иранско државјанство, судено му беше зад затворени врати,...

Обвинетите за двојното убиство во „Император“ не се чувствуваат виновни

Под силни мерки на обезбедување, со изнесување на обвинителниот акт и со сослушување на сведоците, во Основниот суд во Охрид денеска почна судскиот процес против двајцата обвинети за убиството на сопственикот на угостителскиот објект „Император“, Васил Ристески, и на охриѓанецот Ромео Ѓузелоски. На почетокот од првото судско рочиште, обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Пред Судскиот совет денеска искази...

Почнува судењето за двојното убиство во „Император“

Денеска во Основниот суд во Охрид, треба да почне судскиот процес за двојното убиство од август минатата година, кога беа убиени сопственикот на мотелот „Император“,  Васил Р. (56),  и уште еден охриѓанец, Ромео Ѓ. (38). Б.П. (31) Од Охрид, кој е осомничен за двојното убиство, веднаш по настанот се даде во бегство поради што за него беше распишана меѓународна потерница....

Одложен почетокот на судскиот процес за случајот „Јустиција“

Почетокот на судскиот процес за случајот „Јустиција“, кој беше закажан за денеска, е одложен поради болест на три дактилографки, јавува телевизијата „Телма“. Во случајот се обвинети 13 лица, судии и стручни соработници од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1, кои се товарат за несовесно работење во службата, односно дека намерно чувале предмети во фиока до нивно застарување. Полициската акција...

Златна зора презеде политичка одговорност за убиството на раперот Павлос Фисас

Лидерот на неонацистичката Златна зора, Никос Михалолиакос, презеде политичка одговорност за убиството на раперот Павлос Фисас од страна на симпатизер на партијата. Сепак, според него, партијата нема кривична одговорност за делото. - Преземаме политичката одговорност за убиството во Керацини (населбата каде беше убиен Фисас н.з.), но не постои кривична одговорност. Зарем е можно една цела партија да е обвинета бидејќи еден...

Заев не се појави на суд, Обвинителството побара да му се одземе пасошот

Денешното рочиште со кое требаше да почне судскиот процес „Пуч“, е одложено бидејќи во судницата повторно не се појави четвртообвинетиот, Зоран Заев, претседател на СДСМ, како што беше и најавено. На рочиштето беше изнесен предлогот на Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое бара на Заев да му се укине мерката за претпазливост, односно да се јавува повремено во струмичкиот...

Денеска продолжение на судењето за „Пуч“

Судењето во случајот „Пуч“ денеска продолжува, а на обвинителна клупа треба да седне лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Според најавите, тој нема да се појави на судското рочиште. Заев не дојде на суд и на претходното рочиште, закажано на 5 август, а судијката Љубинка Башеска соопшти дека на Заев ќе му биде испратена нова покана за да се јави на закажаното рочиште. Доколку...

Заев нема да се појави на суд и следниот понеделник

Лидерот за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев, нема да се појави во Скопскиот кривичен суд ни следниот понеделник, на 7 септември,  за кога е закажан почетокот на судскиот процес за случајот „Пуч“, изјави за „Мета“ портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Нема ретирирање од ставот кој е соопштен претходно - соопшти кратко Шилегов. Лидерот на опозицијата уште на почетокот на јули, кратко по...

Судењето за сообраќајката кај Католичка црква закажано за 30 септември

За 30 септевмри годинава е закажано судското рочиште за сообраќајната несреќа кај Католичка црква, која се случи на 15 ноември минатата година и во која животот го загуби малолетно момче, соопшти Основниот суд Скопје 1. „На обвинетиот Џ.М. му се става на товар кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, информираат од судот. Обвинителниот акт против...

Ќе има судење за „Пуч“, судот го одобри обвинението

Советот за оценка на обвинителниот акт на Кривичниот суд во Скопје, во целост го одборил обвинението за случајот „Пуч“, и истовремено ги одбил приговорите на одбраната на обвинетите, меѓу кои е и лидерот на опозцијата, Зоран Заев, како неосновани, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. „Советот во одлучувањето утврди дека делата што се предмет на обвинителниот акт се кривични дела предвидени...

Се сеќава ли некој на случајот „Пуч“?

Советот на Кривичниот суд за оцена на обвинителниот акт за случајот „Пуч“ нема законски определен рок до кога треба да се произнесе по обвинението и да одлучи дали ќе го пушти во понатамошна постапка и ќе се закаже судење или, пак, ќе му го врати на Обвинителството, како што побара одбраната. Иако дел од медиумите на 1 јуни, по седницата...

Обвинетиот за убиството на Ангел Петковски бил свесен за извршеното дело

Насер Ештрефи (19), обвинет за убиството на матурантот Ангел Петковски, бил свесен за делото што го извршил, изјавил психологот, кој на денешното рочиште давал свое мислење за писхичката состојба на обвинетиот, пренесува „Плусинфо“. И во првото вештачење беше утврдено дека обвинетиот бил свесен за настанот и за делото, но одбраната не го прифати тој наод и бараше ново мислење. Убиството на...

Зоран Верушвески денеска на суд за нелегално поседување оружје

Денеска во Основниот суд Скопје 1 е закажано судењето на Зоран Верушевски за недозволено поседување оружје или распрскувачки материи. Според обвинението, врз основа на кривичната пријава од МВР, при претрес на Верушевски, полицијата пронашла два пиштоли за кои не поседувал дозвола. Неговиот адвокат, Ангеле Илиевски, во изјава за медиумите пред неколку месеци, рече дека еден од пронајдените пиштоли Верушевски го добил во...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...