Бошкоски покажа материјали за кои тврди дека докажуваат оти е наместен за „Ровер“

Обвинителката Лидија Раичевиќ-Вучкова, која го води предметот за случајот „Ровер“, во кој еден од обвинетите е поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, денеска соопшти дека се повлекува од случајот сè додека не се одлучи дали овој предмет ќе го земе Специјалното обвинтелство или не.

Одлуката на обвинителката Раичевиќ-Вучкова следуваше откако на денешното рочиште Бошкоски презентираше транскрипти и УСБ за кои тврди дека содржат разговори што докажуваат како било наместено неговото апсење за случајот „Ровер“.

Бошкоски рече дека преку неговиот адвокат, материјалите ќе ги достави до специјалната обвинителка Катица Јанева.

Ова е трето судење за случајот „Ровер“ откако Апелацискиот суд ги укина претходните две превостепни пресуди, поради пропусти и неутврдена фактичка состојба.