fbpx

Гордана Јанкулоска излегува од затвор на 1 ноември, одлучи Апелација

Судот ги ценеше личните прилики на осудената, особено околноста дека осудената е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, се наведува во соопштението од Апелација

-

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ќе излезе од затвор на 1 ноември. Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое ја уважи жалбата на осудената, со кое ја отпушта осудената на 1 ноември од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст, да не стори ново кривично дело, соопштија оттаму.

„Судот ги ценеше личните прилики на осудената, особено околноста дека осудената е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, а посебно ценејќи ги предвид податоците од Установата каде осудената ја издржува казната затвор, со оглед да осудената ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, истата се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања, имала развиено чувство за лична и општествена одговорност и однесувањето и било во склад со општествените норми“, наведено е во соопштението од Апелациониот суд.

Оттаму наведуваат дека во досегашниот издржан дел од казната, во ниту еден момент не биле евидентирани прекршоци на одредбите од куќниот ред, го почитувала истиот и имала примерно поведение, а воедно и коректен однос кон службените лица.

„Сметано од 25.10.2022 година, осудената била работно ангажирана во библиотеката на женското одделение и својот ангажман го извршувала со посветеност, навремено и во целост, користела и погодности надвор од установата, што упатува дека осудената се поправила до степен што основано може да се очекува дека на слобода добро би се однесувала и дека нема да врши кривични дела, со што е остварена и целта на казнувањето предвидена со чл.32 од КЗ“, се додава во соопштението.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, беше упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, во септември 2020 година, откако таа ги исцрпи сите правни средства за одложување на издржување на казната затвор.

Освен Јанкулоска, за случајот со незаконската набавка на мерцедесто „С-600″ во износ од 600 илјади евра, Судот како виновни ги прогласи и поранешниот шеф на набавки во МВР Ѓоко Поповски и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...