fbpx

Судењето на дадилката што малтретираше дете почна зад затворени врати

-

Судењето на дадилката обвинета за малтретирање деветмесечно бебе почна денеска зад затворени врати во Основниот суд Скопјe 1, откако судијата ја исклучи јавноста и медиумите од следење на рочиштето, пренесува „Телма“.

Пред почетокот на судењето, како што пренесува телевизијата, судијата Драган Николовски објавил дека од текот на судскиот процес ќе ги исклучи медиумите и јавноста, заради, како што рекол, заштита на обвинетата и на нејзиното семејство, но пред сè, заради заштита на жртвата.

Во судницата биле присутни обвинената дадилка и родителите и најблиските роднини на малтретираното дете.

Случајот беше обелоденет на почетокот од септември оваа година, кога обвинителството соопшти дека се води истражна постапка против скопјанка која била ангажирана да чува бебе.

Родителите на деветмесечното бебе се посомневале дека жената го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело.

По соопштението на обвинителството, тетката на бебето на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави видеозапис од скриена камера што ја поставил таткото на бебето, на кое се гледа како дадилката наместо да го чува, го малтретира бебето.

Србија и Унгарија ќе му предложат на регионот да се приклучи кон изградбата на брза пруга

Србија и Унгарија ќе ги поканат Северна Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Турција да се приклучат кон изградбата на брзата железница во регионот, која за почеток ќе ги поврзува...
Download Nulled WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
free download udemy course
download lenevo firmware
Download Nulled WordPress Themes
udemy course download free