fbpx
Таг: судење

таг: судење

Зоран Верушвески денеска на суд за нелегално поседување оружје

Денеска во Основниот суд Скопје 1 е закажано судењето на Зоран Верушевски за недозволено поседување оружје или распрскувачки материи. Според обвинението, врз основа на кривичната пријава од МВР, при претрес на Верушевски, полицијата пронашла два пиштоли за кои не поседувал дозвола. Неговиот адвокат, Ангеле Илиевски, во изјава за медиумите пред неколку месеци, рече дека еден од пронајдените пиштоли Верушевски го добил во...

Почнува судењето на новинарот на „Вашингтон пост“ во Иран

Во Иран почнува судењето на новинарот на „Вашингтон пост“, обвинет за шпионажа, кој е во притвор веќе 20 месеци. Џејсон Резаин, кој има американско и иранско државјанство, е обвинет за оддавање информации на „непријателски влади“. Уредникот на „Вашингтон пост“ го опиша судењето како срамно и ја осуди одлуката судењето да не биде јавно. Резаин би можел да биде осуден на затворска казна...

Почнува судењето на втората група демонстранти уапсени по 5 мај

Во Основниот суд Скопје 1 се очекува да почне судењето на втората група демонстранти, кои беа притворени по нередите и насилствата за време на протестите пред Владата, на 5 мај. Деветмината демонстранти се товарат за кривичното дело учество во толпа, а меѓу нив има и двајца членови на „Студентски пленум“. Во меѓувреме, закажано е и рочиштето за судењето на првата група...

Инцидент на судењето на Златна зора

Инцидент се случи на денешното судење на членовите на Златна зора во затворот „Коридалос“ во Атина. На судењето упаднаа членови на терористичката организација Огнени јадра, чие судење беше паралелно закажано во соседната судница во затворот и почнаа вербално да ги напаѓаат членовите на Златна зора. Покрај вербалните навреди и довикувањата дека фашистите ќе ги стигне бесилка, во истиот момент припадниците на...

Одложено судењето на Верушевски

Судењето на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, е одложено поради отсуство на неговите адвокати. Адвокатот Ангеле Илиевски имал друго судење, а адвокатот Филип Медарски е отсутен поради здравствени причини. Денешното судење на Верушевски требаше да биде за недозволено држење оружје и распрскувачки материјали. Верушевски, освен за поседување оружје, е првоосомничен во случајот „Пуч“ заедно со лидерот на...

Судењето на Златна зора повторно одложено

Судењето на Златна зора како криминална организација никако да почне. Процесот вторпат е одложен, овојпат за 12 мај. Судењето почна на 20 април, меѓутоа поради фактот што еден од обвинетите немаше адвокат, беше презакажано за денеска, за новиот адвокат да има време да се подготви за процесот. Денеска судењето повторно помина без никаква суштина, со два прекина поради барање на друг обвинет...

Одложен судскиот процес против Златна зора

Поради отсуство на адвокат на еден од обвинетите, судењето на Златна зора беше прекинато и одложено за 7 мај. Судењето против неонацистичката Златна зора почна рано изутринава во судница во затворот Коридалос во Атина. На судењето не се појави ниту еден член од обвинетото раководство на партијата. Лидерот Никос Михалолијакос, неговата сопруга Елени Заруља, заменик-претседателот на партијата Христос Папас,...

Почна судењето за нападите на бостонскиот маратон

Две години по бомбашкиот напад на бостонскиот маратон, почна судењето на обвинетиот за нападот, Џохар Чарнаев, кој заедно со својот постар брат, Тамерлан, е обвинет за бомбашкиот напад. Браќата Чарнаев се обвинети за поставување бомби од кои загинаа три лица, а повеќе од 260 се повредени на маратонот во Бостон, одржан на 15 април 2014 година. Тамерлан е убиен во полициската потрага што следеше...

Почнува судењето на Доменик Штрос-Кан

Поранешниот шеф на ММФ, Доменик Штрос-Кан, денеска ќе се најде пред судот во Франција, каде се товари за проституција. Тој се товари дека ги користел своите деловни контакти за да изнајмува девојки за забава во Париз, Лил и во Вашингтон. Шеесет и петгодишниот Штрос-Кан, чија кариера е уништена поради сексуалниот скандал во САД пред четири години, призна дека присуствувал на...

Обвинетиот за убиството на Ангел Петковски, осуден на условна казна за кражба на велосипед

Насер Е., обвинет за убиството на матурантот Ангел Петковски, во мај минатата година, денеска за кражбата на велосипедот од дворот на куќата на Петковски, е осуден на условна казна од една година доколку во наредните три години не стори ново кривично дело, додека за кривичното дело убиство со умисла ќе му се суди во одвоен процес, пренесуваат медиумите. Обвинетиот на...

Одложено судењето за убиството на Ангел Петковски

Судењето за убиството на 18-годишниот Ангел Петковски денеска беше одложено во Кривичниот суд бидејќи адвокатот на обвинетиот за убиствоto, Ангел Ѓорѓиев, во истиот временски термин имал друг предмет од организиран криминал. Во судница денеска не беше спроведен ниту обвинетиот Насер Е., но присутни беа родителите на убиениот матурант. На обвинетиот му се заканува казна затвор од најмалку пет години, за убиство со...

Бошкоски не сакаше да даде завршен збор во случајот „Ровер“

Љубе Бошкоски на денешното судење за случјот „Ровер“  не сакаше даде завршен збор поради „монтираниот и трагичен судски процес“. - Ни на крајот од мојот ум не мислам да барам ослободителна пресуда од вака дерогиран суд, кој не го признавам. Тоа би било премногу комично – рече Бошкоски.  

Адвокатите побараа ослободителни пресуди за обвинетите во „Ровер“

Адвокатите на обвинетите во случајот „Ровер“ на денешното рочиште, во своите завршни зборови побараа ослободителни пресуди за сите обвинети, истакнувајќи притоа дека на повторното судење, судот не ги следел насоките на Апелацискиот суд, дадени по укинувањето на првостепената пресуда, пренесува „Фокус“. Според одбраната, и во текот на повторениот судски процес, не се докажа умислата на обвинетите и не се приложија...

Љубе Бошкоски бара психијатриско вештачење на судијата во случајот „Ровер“

На денешното судско рочиште за случајот „Ровер“, на кое беа предвидени завршни зборови, Љубе Бошкоски побарал психијатриско вештачење и изземање на судијата Илија Трпков поради пристрасност и необјективост. „Повеќе од две години се води овој процес кој е полн со страв, а стравот кај лицето Илија Трпков предизвикува пристрасност и необјективност. Затоа лицето Илија Трпков, како и членовите на Судскиот совет, тело...

Одложено судењето на Канческа-Милевска против Шилегов, судијата бил на обука

Судското рочиште за тужбата на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска повторно, тртпат, беше одложено, поради тоа што судијата бил на обука. На рочиштето дојде само Шилегов, а следното соочување во Основниот суд Скопје 1 е закажано за 21 јануари наредната година. Министерката за култура го тужи портпаролот на СДСМ за клевета, затоа што тој на...

Тензично на судењето за случајот „Ореше“, полицијата спречила инцидент

Судската полиција спречила инцидент во судница во Основниот суд во Велес, каде денеска почна новото, четврто по ред, судење за случајот „Убиство во Ореше“, пишува интернет-порталот „Нова ТВ“. За време на рочиштето, сведокот Вељо Арсовски, роднина на убиениот Лазар Милошевски, но и на обвинетиот Ѓоре Петровски, изјавил дека Петровски му понудил стан и пари за да ја смени изјавата. Според „Нова...

Одложено судењето на втората група демонстранти против пресудата за „Монструм“

Судскиот процес против втората група демонстранти што предизвикаа нереди за време на протестите по објавувањето на пресудата за случајот „Монструм“, во јули годинава, пред Основниот суд 1 и 2, е одложен бидејќи од вкупно десетмината обвинети, петмина не се појавиле на денешното рочиште, пишува дневниот весник „Вест“. Според образложението на Судот, двајца од обвинетите не добиле уредна достава, а тројца,...

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Уште во далечната 2006 година на студентите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) им беше ветена најмодерна спортска сала, која дури по 11 години - во 2017, се...